Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека од почетокот на руската инвазија на Украина, од Србија не е извезено оружје на ниту една од страните во конфликтот, што е прв официјален одговор на пораката на Кремљ дека Москва ги следи информациите за можно снабдување на Украина со српска муниција. -Србија, а јас […]
Албанскиот претседател Бајрам Бегај ќе престојува во официјална посета на НАТО на 7 месецов, соопштија од неговиот кабинет. -Шефот на државата ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кого ќе разговара за стратешките и безбедносните случувања во источното крило на НАТО и на Западен Балкан, стои во соопштението. Исто така, тема […]
Денеска била фрлена бомба во куќата на Немања Бојовиќ, познат како Хеми, лидерот на „забранетата“ фракција на навивачи на Партизан, а како што дознаваат српските медиуми, во овој инцидент нема повредени. На куќата се видливи помали оштетувања, а шрапнели погодиле и возила кои биле паркирани пред куќата Инаку, Хеми важи за наследник на „земунскиот клан“, […]
Пред малку згасна и последната надеж за 34-годишната Атина, која беше прогласена за исчезната по железничката несреќа. Нејзиното име вечерва е посочено дека е меѓу жртвите во трагедијата, јавуваат грчките медиуми. Атина, која била мајка на двегодишно момче, била на кобниот пат со сопругот Никос, кој од повреди се лекува во Универзитетската болница во Лариса. […]
Албанската опозиција предводена од демократите на Сали Бериша, денеска пред Владата во Тирана одржа последователниот протест, кој помина без инциденти. Истиот и денеска беше поддржан од Партијата на слободата, чиј лидер Илир Мета во обраќањето рече дека овој протест е продолжение на нивната заложба да го урнат овој систем со протести и избори. – Денеска […]
Очаен татко на 28-годишна исчезната девојка која била во возот за време на кобната несреќа во Грција, со солзи во очите го опишува кошмарот што тој и неговото семејство го преживуваат секој ден откако ја загубија ќерката Елпида. „Немам нови информации, чекам. Полицијата ќе ме повика. Дадовме ДНК примерок. Надежта дека моето дете ќе го […]
Од Полициската управа неофицијално ја соопштија веста дека во Основниот суд во Подгорица дошло до експлозија. Триесет и деветгодишниот М.Б е убиен откако активирал рачна бомба на влезот на Основниот суд во Подгорица, неофицијално дознава „Вијести“. Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко. „Во 11 часот и […]
Вагонот е полн, а патниците седат на своите места – фотографијата ја направил млад патник од својот мобилен телефон пред несреќата. Станува збор за третиот вагон, непосредно пред кобниот судир во Темпи, пришто загинаа 57 лица, пишува грчкиот весник „Прототема“. Како што може да се види на фотографијата, вагонот е полн, а патниците седат на […]
Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија(ПД), Сали Бериша, најави дека протестот закажан за утре во 12 часот ќе биде најмасовен досега. – Ќе биде најмасовен, величествен, невиден до сега. Граѓаните гледаат дека имаат работа со еден крајно нескротлив криминалец (Еди Рама), крајно опасен за државата и општеството и мора што поскоро да […]
Сопругата на машиновозачот (28) кој загина вчера во смртоносната железничка несреќа кај Лариса, се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“ неутешна за смртта на нејзиниот сопруг. „Љубов моја, чекам да се вратиш, заедно да ги оствариме нашите соништа, тука сум и те чекам. Чувај ме од горе. Ќе те сакам засекогаш“, напиша таа. Меѓуградскиот патнички воз […]