Акцијата на спасувачите на местото на железничката несреќа кај месноста Темпи во Грција, продолжува и рано утрово, се очекува да заврши денеска, а паралелно во службата на судската медицина во Лариса, продолжува идентификацијата на жртвите. Досега официјално се потврдени 57 загинати, а во болниците се хоспитализирани 48 патници, од кои шест се на одделите за […]
Бројот на загинати во железничка несреќа во Грција се искачи на 57, потврди за Би-Би-Си патологот Елени Загелиду. Во истрагата учествуваат вкупно десет вештаци. Железничарите денеска почнаа еднодневен штрајк ширум Грција, а во исто време гневот на јавноста расте. Граѓаните организираа протести во Атина, Солун и Лариса, во близина на местото на несреќата. Штрајкот на […]
Најмалку 43 лица загинаа, а 130 се повредени кога патнички воз на релација Атина-Солун се судри со товарен воз во близина на градот Лариса во централна Грција. Земјата прогласи тридневна жалост за најтешката железничка несреќа во последните децении. Спасувачките екипи се’ уште се на терен и ги пребаруваат вагоните, бидејќи се стравува дека на местото […]
Од грчката опозициска партија СИРИЗА упатуваат апел до надлежните да ја објават „вистинската слика за обемот на трагедијата“ и коментираат дека сѐ уште е непознат бројот на исчезнати по железничката несреќа кај Темпи во вторникот навечер. -Речиси два дена по трагедијата кај Темпи и уште нема официјално соопштение за бројот на лица кои се сметаат за […]
Шефот на станицата направил повеќе од една грешка поради кои дојде до судир на возови во вторникот вечерта, што резултира со 46 смртни случаи и десетици повредени. Според информациите од грчката полиција, шефот на станицата во Лариса цели 5,5 километри го гледал патничкиот воз како се движи во погрешен правец и не ги користел технолошките […]
Ученици од неколку училишта во различни делови на Грција одбраа на свој начин, преку пораки „испишани“ со помош на нивните ранци, да изразат поддршка, но и протест за железничката несреќа со најмалку 46 жртви. Во пораките на учениците преовладува фразата „Пиши кога ќе стигнеш“ која по трагедијата е актуелна на социјалните мрежи во Грција по […]
Вознемиреноста на роднините и пријателите е огромна за лицата кои се наоѓале во кобниот воз кој во Лариса се судри со товарен воз. Меѓу нив е и 20-годишниот Анастасиос Куцопулос од Кардица. „Немаме вести од него, чекаме да го слушнеме. Знаеме дека дефинитивно не беше во првиот вагон“, изјави за АНТ1 неговата девојка Мариета Александрис […]
Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа […]
Објавени се разговорите меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Интерсити 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз. Во несреќата загинаа најмалку 43 лица, а повеќе од 80 се повредени. Се верува дека стационарецот без да знае за тоа му дал на машиновозачот „зелено светло“ да се престрои […]
Спасувачките екипи и пожарникарите и денеска продолжуваат со операцијата на потрага и проверка на вагоните за преживеани и исчезнати лица по железничката несреќа што во вторникот вечерта се случи кај месноста Темпи во близина на грчкиот град Лариса, во која најмалку 42 лица го загубија животот. Паралелно со спасувачката акција, продолжува и идентификацијата на жртвите […]