Новинарските синдикати на РТВ Словенија денеска со 24-часовен штрајк ќе ги засилат протестните активности против раководството назначено од претходната влада. Штрајкот првично беше планиран на 24 јануари, но беше одложен откако раководството понуди интензивирање на преговорите. Штрајкувачкиот комитет соопшти дека е подготвен да преговара, но нема да ги запре плановите за штрајк. Во координацијата на […]
Десетина училишта во Софија денеска преку е-пошта добија закани за поставени бомби. Според бугарските медиуми има закани и кон други училишта во државата. Во е-пораките е упатено и барање за плаќање во биткоини, јави БТВ. Последни евакуации беа преземени во училишта низ државата на 30 март. Во изминатата недела беа регистрирани над 100 дојави за поставени бомби […]
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, на кој ќе се разговара за имплементација на договореното на средбите во Охрид на 18 март. Средбата Петковиќ и Бислими треба да започне околу 11 часот. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано на вчерашниот брифинг […]
Страшни сцени се видени на натпревар од пониските лиги на Србија, поточно во Војводина, каде навивач влегол со сатар на теренот. Натпреварот меѓу Сремац и Слога Вогањ се играше во Деч, а беше прекинат со расправија и влегување на еден од локалните навивачи со ладно оружје. Се играше Сремската лига, имаше расправија и гужва околу […]
Во Бугарија попладнево заврши обработката на сите протоколи на Секторските изборни комисии во Регионалните изборни комисии (РИК) за вчерашните парламентарни избори, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК) на својата Интернет-страница, а победник на овие петти избори во последните две години е коалицијата „ГЕРБ-СДС“, предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Според податоците на ЦИК, коалицијата ГЕРБ-СДС […]
Црна Гора во изминатите неколку дена положи голем демократски испит, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. Тој ова го изјави по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан што се одржа во Рим. – Ние претходните денови положивме голем демократски испит, покажавме дека можеме целосно слободно да организираме избори, во опуштена атмосфера, […]
Обвинителството денеска заврши со уводните зборови пред Специјализираните совети со седиште во Хаг на почетокот на судењето на четворицата поранешни лидери на ОВК. Освен присилно затворање, обвинителството тврди дека четворицата обвинети – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими се одговорни за најмалку 102 убиства. Обвинителот Џејмс Пејс рече дека уште најмалку 20 […]
Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства. Тој се соочува со 10 точки од обвинението поврзани со војната во 1998 и 1999 година. – Го разбирам обвинението и се изјаснувам за невин, им рече тој на судиите по […]
Оптимизам за туризмот во Грција, како за оваа, така и за следните години, изразил грчкиот премиер Кријакос Мицотакис за време на работниот состанок со извршниот комитет на Грчката конфедерација за туризам (СЕТЕ) по повод почетокот на туристичката сезона, јави дописничката на МИА од Атина. -Верувам дека веќе ја постигнавме нашата централна цел, која е проширување […]
Александар Вучиќ, претседателот на Србија од Верона, ги отфрли обвинувањата дека „победил“ на претседателските избори во Црна Гора, нагласувајќи дека победата била само за кандидатот Јаков Милатовиќ. Вучиќ рече дека ако опозиционерите во Србија очекуваат истото да се случи многу грешат, бидејќи тоа го прават од патолошка омраза. „Вучиќ не победи во Црна Гора, не […]