Стано: Мирно одржување на изборите на северот на Косово е од суштинско значење

Европската унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност, соопшти портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

„Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири северни општини и покрај тоа што изборите беа одложени од декември за април и е продолжен крајниот рок за поднесување на кандидатурите“, потенцира Стано, пренесува Радио Слободна Европа.

Во четири општини на северот на Косово утре ќе се одржат вонредни избори.

Избори се организираат откако градоначалниците на општините на север, Лепосавиќ, Зубин Поток, Северна Митровица и Звечан – од редовите на Српската листа, поднесоа оставки во ноември минатата година, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да се пререгистрираат автомобилите со нелегални српски таблички во РКС – Република Косово.

Изборите ги бојкотира најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српската листа. Таа наведува дека изборите се недемократски и повикува „на 23 април сите избирачки места да бидат празни, што ќе испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *