Србија, иако според првите резултати од пописот има околу половина милион жители помалку од 2011 година, сепак се проценува дека намалувањето е поголемо од тоа и изнесува околу 760.000 жители, изјави синиоќа Љиљана Ѓорѓевиќ, претставник на српскиот Завод за статистика. Во изјава за РТС таа нагласи дека Нови Сад и Белград имаат негативен природен […]
Истекување на амонијак од цистерна се случило синоќа во населбата Топол кај Панчево. Како што јавуваат српските медиуми, на едно лице му е пружена медицинска помош и е пренесено во болница каде е под кислородна терапија. Според медиумите, истекувањето се случило околу 23 часот. Полициски и противпожарни екипи се на лице место. Евакуирани биле […]
Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути. Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата NEXO, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални […]
Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени. – Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат […]
Црногорскиот Институт за јавно здравје денеска уште еднаш апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, бидејќи, како што посочија од установата, државата е на прагот на епидемија. – Мали сипаници – морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот […]
Лидерот на Партијата на слободата и до средината на минатата година претседател на Албанија, Илир Мета, предупреди дека надворешниот долг на земјата ќе надмине 107 отсто од бруто домашниот производ. Според него, долгот би можел да биде и повисок, по најавата на Владата за задолжување со еврообврзница, шеста по ред, за што веќе избрала законски […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во разговор со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле ги повика САД да ја охрабрат Приштина да ги исполни своите обврски од прифатените и потпишаните договори и да продолжи дијалогот со Белград. – Изразив очекување дека САД ќе ги препознаат напорите на Србија за зачувување на мирот и стабилноста […]
Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“. Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Во месноста Оџак е пронајдено безживотното тело на 22-годишниот Адмир Пузиќ по кој се трагаше неколку дена. -Се уште не се знае точната причина за смртта, пренесува Српскаинфо. Како што претходно објави Кликс, полициската управа на кантонот Посавина добила пријава за исчезнувањето на 22-годишниот Адмир Пузиќ од Оџак на 8 јануари годинава. Ден подоцна, откако […]
Осумтемина Хрвати осомничени во Замбија за трговија со луѓе односно во исправноста на документите за посвојување на деца од Демократска Република Конго, ќе се бранат од слободата откако ќе платат кауција, ќе ги достават пасошите, редовно да се јавуваат полиција и да го регулираат престојот во земјата, одлучи денеска судот во Ндоли. Четири брачни двојки […]