Јасна перспектива за членството на Србија во Европската Унија, инвестиции во енергетскиот сектор и ослободување од зависноста од Русија во таа област, доаѓање на американски и европски компании се дел од она што Србија би можела да го очекува ако се согласи со предлогот на Западот за решавање на косовското прашање, пишува денеска истражувачко-издавачкиот центар […]
Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година. По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со Партијата за единство и заштита на човековите права на Вангел Дуле, инаку партија на Грците […]
Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман денеска е во посета на Хрватската куќа во Суботица и хрватската заедница на северот на Војводина и порача дека неговото доаѓање е можност да се разговара со претставниците на Србија за добрососедските односи меѓу двете земји. По посетата на Хрватскиот национален совет, министерот Грлиќ Радман ќе разговара со […]
Бугарската собраниска Комисија за надворешна политика, на нејзината последна седница, едногласно усвои декларација, која треба да се стави на гласање на пленарна седница, а во која се изразува осуда поради „актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации“. Со декларацијата се осудува и насилството врз Христијан Пендиковски. Во документот што го објави БГНЕС, се […]
Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат. Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој […]
Возачот на патничко возило, кое се движело по главниот пат од Златибор, се превртел на страна, а после тоа едвај успеал да излезе од автомобилот. -Поради снегот што постојано паѓа, коловозот стана лизгав како стакло. Се се случи на излезот од главниот пат за Торник. Претпоставувам дека автомобилот се излизгал поради лоша проценка во кривината, […]
Автобус со седум патници заврши во брана во Турција, откако возачот изгубил контрола над возилото. Тројца луѓе се примени во болница, но не се во животна опасност, јави Би Би Си. На видеото се гледа како автобусот се полни со вода, а патниците се обидуваат да се спасат од водената стихија. Несреќата се случи во […]
Во Србија се појави нова дрога посилна од екстази, во вид на гуми за џвакање и бонбони. Родителите се во паника откако од своите деца дознале за „снус“, вид кршен тутун, пишува „Република.рс“. Симптоматично е што оваа дрога не е на забранетата листа. Докторката Светлана Вучетиќ, специјалист за болести на зависност, вели дека се работи […]
Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада. За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот. Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за […]
Европската унија (ЕУ) бара од Босна и Херцеговина (БиХ) како земја кандидат да воведе визи за граѓаните на Руската Федерација. „Очекуваме БиХ, како земја-кандидат, целосно да ја усогласи својата надворешна, безбедносна и трговска политика со политиките на ЕУ. За да функционира добро безвизниот режим со ЕУ, се очекува и БиХ целосно да се усогласи со […]