Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, во интервју за телевизија Н1, синоќа оцени дека Србија веќе се определила за Запад и дека, како што наведе, односот со Русија од ден на ден слабее. Хил посочи дека е важно Белград конструктивно да пристапи кон планот за европски договор со Приштина и дека тоа на крајот ќе […]
Впечатливата зелена комета C/2022 E3 (ZTF) веќе некое време лебди над нашето ноќно небо, а деновиве се приближи најблиску до Земјата за време на нејзината траекторија – моментално е на 42 милиони километри од нас, што е околу една третина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Тоа е редок спектакл, последен пат имал блиска средба […]
Лидерите на црногорските опозициски партии вчера во Подгорица разговараа за претседателските избори закажани за 19 март и заедничкиот опозициски кандидат за нов претседател на Црна Гора. Најголем дел од учесниците на средбата сметаа дека опозицијата мора да претстави заеднички кандидат за претседателските избори. Порталот РТЦГ јавува дека на средбата присуствувале претставници на парламентарната опозиција – […]
На 11 февруари во 12 часот ќе биде означен почетокот на најмоќната револуција која Албанија ја познавала во својата историја, изјави лидерот на побројното крило на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, најавувајќи одржување на масовен национален протест. – На 11 февруари, Албанија ќе маршира кон Тирана, каде ќе бидат преполни плоштадите и улиците, на национален […]
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска во Загреб се заложија за продолжување на регионалната иницијатива Брдо-Бриони и ја поддржаа идејата следната средба да се одржи на крајот на годината во Северна Македонија. – Намерите во однос на таа Иницијатива се исти, а тоа се интеграцијата и благосостојбата на […]
Албанската влада на денешната седница донесе одлука со која на граѓаните од земјите на западен Балкан за влез во земјата нема да им биде потребна патна исправа, туку тоа може да го направат со валидни лични карти, јави државната агенција АТА. Како што изјави министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи одлуката влегува во сила веднаш […]
Загинат е и пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воено воздухопловство, што во понеделникот се урна во Јонското Mоре, според соопштението на Генералштаб на военото воздухопловство, што го пренесуваат грчките медиуми. Според истите информации, операцијата за спасување и потрага по 31-годишниот пилот завршила, а од пронајдените остатоци и анализата била потврдена смртта. Авионот се […]
Претседателот на албанската Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши, информираше дека по добиените дополнителни средства од владата, на локалните избори во мај годинава електронско гласање ќе има во три општини. -Донесовме одлука, на 14 мај, во три општини Вора, Камез и Елбасан, од вкупно 61 општина, да има електронско гласање и пребројување на гласовите. Со тоа […]
Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави агенцијата Бета. – Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм. […]
Актерите и театарските работници во Грција, организирани од нивните здруженија и федерации од денеска почнаа 48-часовен штрајк во знак на протест против предлог-законот на Владата што се однесува на нивниот сектор, објавија грчките медиуми. Од федерациите сметаат дека со новиот закон платите на актерите нема да се одредуваат од колективните договори, туку од Владата, но […]