Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека ова е негов последен претседателски мандат. На почетокот на годишнoто обраќање, Вучиќ рече дека „нема да го менува Уставот“ за да остане подолго време претседател на Србија. „Ова е мојот последен мандат, нема да го менувам Уставот. Наскоро во првата половина на следната година повеќе нема да бидам […]
Пожар избувнал во патничкиот воз Варна – Софија, потврдија од „Бугарски државни железници“ за локалните медиуми. Инцидентот се случил на постојката Гривица, меѓу станиците Пондим и Плевен. Возачите забележале густ црн чад што излегува од локомотивата. Нема повредени, јави БТА. Инцидентот се случил денеска околу 15:40 часот по локално време.
Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите. По неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ – кој траеше само два часа – Лекиќ рече дека нема да […]
Речиси половина милион евра чинеше тридневната новогодишна програма во Будва, од кои нешто повеќе од 300.000 евра се уплатени на сметките на музичките ѕвезди, објави црногорскиот весник „Вијести“. Тридневната програма и исклучително убавото време привлекоа повеќе од 55.000 посетители во Будва. Организаторите за „Вијести“ потврдија дека најплатена музичка ѕвезда бил Дино Мерлин, за чиј ангажман […]
Во Хрватска е регистриран прв смртен случај од компликации од грип во Бродско-Посавската жупанија, каде неделно има повеќе од 200 заболени. Станува збор за средовечен маж кој, како што се наведува, имал и многу други хронични заболувања, а починал на Одделот за инфективни болести на болницата во Славонски Брод. Доктор Анте Читковиќ, директор на Институтот […]
Последната барикада во северно Косово е отстранета, објави српската национална телевизија РТС. Силите на мировната мисија на НАТО на Косово КФОР ги отстранија двата камиона што го блокираа патот Косовска Митровица – Рударе. На 29 декември почна отстранувањето на барикадите во северно Косово, при што косовските Срби отстранија поголем дел од барикадите, но останаа двата […]
Претставници на ЕУ, САД, Франција и на Германија по Божикните празници се очекува да го посетат Белград, за да се забрза решавањето на косовското прашање. Весникот „Вечерње новости“ во денешното издание објавува дека Белград прво треба да го посетат специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лакчак и специјалниот претставник на […]
Портпаролката на еврокомесарот за надворешна политика, Набила Масрали, на денешната прес-конференција во Брисел рече дека ситуацијата на северот на Косово се уште е нестабилна, додека последните настани на Косово покажаа колку е важно да се постигне нормализација на односите. „Го поздравивме смирувањето на тензиите и отстранувањето на барикадите. ЕУ одигра активна улога за да се […]
Воениот комитет на НАТО, највисокиот орган на Алијансата, ќе одржи состанок на 18 и 19 јануари во Брисел на кој меѓу другото, ќе се разговара за безбедносната состојба на Косово и за мисијата на КФОР, со фокус на ситуацијата на терен и безбедносното опкружување, се наведува на веб-страницата на НАТО. На вториот ден од првата […]
Хрватскиот државен инспекторат денеска соопшти дека досега утврдил 1.738 прекршувања на одредбите од Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска и обврската за двојно објавување на цените, како и 51 случај на продажба на одредени прехранбени производи над максимално дозволената цена на големо утврдена со одлука на Владата. Од Хрватскиот државен инспекторат […]