Трагедија во БИХ: Малолетник почина откако врз него падна гол

Ученик во втора година од средното училиште „Муза Ќазим Ќатиќ“ од Олов, БиХ, почина повеќе од четири дена откако беше хоспитализиран со тешки повреди. Тој задобил повреди откако врз него паднала конструкција од гол, во спортско-рекреативниот центар Ајдиновиќи.

Несреќата се случила за време на училишна екскурзија на Спортско-рекреативниот центар „Ајдиновиќи“ на 29. мај. Според порталот „Кликс“, шеснаесетгодишното момче трчало по топката, по што се лизнало и го закачило голот, кој паднал врз него.

Момчето било итно префрлено во Клиничкиот центар во Сараево, каде што било оперирано и во тешка состојба, а четири дена подоцна им подлегнало на повредите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ