Во Бугарија во тек е специјална полициска акција со цел да се спречи кражба и нелегална продажба на автомобили. Во акцијата досега се приведени 30 лица. Акцијата започна во Перник, каде се очекуваат клучни апсења, а во тек се претреси на куќи, гаражи и отпад од автомобили, пишува порталот „Новините“. Освен во Перник, акцијата се […]
Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, вчера го суспендираше Законот за недвижен имот, што властите на Република Српска (РС) го усвоија кон крајот на минатата година со цел да ја преземат сопственоста врз недвижниот имот што и припаѓа на државата. Спорниот закон требаше да стапи во сила денеска, а суспензијата трае до одлуката […]
Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска за Еуроактив во Брисел изјави дека до крајот на оваа година е можен договор меѓу Белград и Приштина. Пред средбата во Брисел, Курти кажа дека Белград и Приштина имаат за цел годинава да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде гладок и покрај зголемениот […]
Снегот во Хрватска предизвика сообраќаен хаос и ја отсече Далмација од остатокот од државата. Од вчера попладне поради огромното количество снег и силните ветрови нема отворен патен правец од Далмација кон внатрешноста на Хрватска, пренесува порталот Индекс. Голем број луѓе останаа заглавени во колоните, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и […]
Државната изборна комисија на Црна Гора на денешната седница ја потврди претседателската кандидатура на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ. Утврдено е дека доставената документација е точна и била утврдена важност на 8.465 потписи. Претставниците на ДПС вчера до ДИК ја доставија кандидатурата на Ѓукановиќ за претседателските избори во […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека утре во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но државата е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања. Тој ова го нагласил на […]
Косовскиот премиер Албин Курти синоќа во телефонски разговор со високиот советник на Стејт департментот Дерек Шоле потврдил дека Приштина го прифаќа европскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија. „Премиерот во тој разговор го потврди својот став за европскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори во насока на нормализација на односите. За нормални, европски […]
Основниот суд во Приштина денеска ги осуди четворицата обвинети, од кои тројца малолетни, на вкупно 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година, објави РСЕ. Еден од обвинетите кој е полнолетен е осуден на 15 години затвор, двајца малолетници на по 9, а еден на осум години малолетнички затвор. […]
Хирурзите од нишката Клиника за кардиохирургија извеле 22 операции за три дена и кажаа дека продолжуваат со зафатите и преку викенд без да бараат финансиски надомест за тоа. Тие додаваат дека работат со забрзано темпо за да се намали листата на чекање за операција, бидејќи на некои пациенти им е потребна итна интервенција. -И овој […]
Во јануари годинава Албанија ја посетиле 377 илјади странски државјани, што е зголемување за 94 отсто споредено со истиот месец минатата година, што се оценува како добар предзнак за успешна година во туристичкиот сектор во земјата. – Од вкупната бројка околу 95 отсто од странските гости, се од Европа, поточно најголемиот број од нив се […]