Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 15°C Струга 15°C Пријави вест
Балкан

Грчка полиција: Разбиена „терористичка мрежа“ што планирала напади

Објавено: · 1 мин читање
Грчка полиција: Разбиена „терористичка мрежа“ што планирала напади

Грчката полиција и разузнавачките служби денеска соопштија дека разбиле „терористичка“ мрежа што планирала напади, при што се уапсени двајца странци.

„По координирани акции на грчката полиција и Националната разузнавачка служба, беше разбиена терористичка мрежа која од странство планираше напади врз внимателно одбрани цели на грчка територија“, се вели во соопштението без да се наведат детали.