Невреме проследено со обилни врнежи од дожд, град и електрични празнења попладнево го зафати Охридскиот регион. За кусо време падна голема количина воден талог. Тревниците и зелените површини во градот побелеа, а улиците се поретворија во реки. Градот беше со големина на лешник, но и поголем, веројатно предизвика големи штети на земјоделските култури, кои допрва […]
Регионалниот ЦУК Охрид, известува од СВР Охрид дека едно лицето од с. Горно Средорече дека се изгубило од 20:40 часот вчера (20.06.2023 година) и по него е организирана потрага. По целовечерна, тимски комбинирана, потрага во раните утрински часови изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба „Имено, сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле […]
„Ер Србија“ денеска пушти во употреба авиокомпанија меѓу Белград и Охрид, а летовите ќе бидат четири пати неделно – понеделник, среда, петок и сабота. Воведниот лет на Ер Србија од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ беше пречекан на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Во соопштението, „Ер Србија“ наведува дека од почетокот на 2023 година ја […]
Гледаме силна градежна офанзива овде пред Охрид. Очекуваме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел од Подмоље до Охрид и потоа да започнеме со последната фаза за поставување на еластични огради и одобрување на времениот режим. Денеска со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, сме присутни на терен за да извршиме […]
Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 07 до 09 Јуни се одржа курс за заштита на природата. Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување. Курсот го водеше Silke Oldorff одделенски менаџер на VDST, и лидер на тимот на стручњаци од NABU (Nature and Biodiversity […]
Поради реконструкција на автопатот, влезот во Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена и во градот ќе се влегува преку стариот пат. „Поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље-Охрид на магистралниот пат А3, од вчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208“, потврди АМСМ и додаде дека е поставена соодветна сигнализација. Засега единствената […]
Група студенти од Хрватска демолирале хотел во Охрид. Имавме посети од големи групи студенти, но досега ваков проблем не сме имале, изјавил менаџерот на хотелот од Охрид. Скршен инвентар по соби, уништени тоалети, скршени прозорци, насекаде пивски шишиња, една соба се запалила.. бил резултатот по петдневната екскурзија на студенти од Хрватска, пишува хрватскиот портал „24 сата“. […]
Со чартер-лет на холандскиот тур-оператор „ТУИ“ на охридскиот аеродром денеска пристигна првата група туристи од Холандија. Преку холандската филијала на „ТУИ“ оваа летна сезона на Охридската ривиера се очекува да летуваат околу 15 илјади туристи од регионот на Бенелукс, што во Охрид ќе доаѓаат со пет до шест чартер-лета седмично. На охридскиот аеродром „Свети Апостол […]