Учествувајте на второто издание на Startup Weekend Ohrid

После две години, Стартап Викенд Охрид се враќа на сцената, a oваа година, второто издание ќе се одржи од 26ти до 28ми април во просториите на универзитетот Св. Апостол Павле.

Настанот е наменет за сите млади ентузијаси кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.

Покрај ентузијастите со идеја, настанот е отворен и за сите оние без конкретна идеја и тим. Тие би формирале свои тимови меѓу себе и би учествувале на настанот исто како и останатите однапред пријавени тимови.

Единствено ограничување на овој настан се слободните места, затоа побрзајте да ги резервирате вашите тикети за учество на следниов линк.

Тимот кој стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Охрид, Универзитетот ,,Св. Апостол Павле” и Стартап заедницата од Охрид, надополнето со голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат второто издание на стартап викенд во Охрид.

Организаторите ќе обезбедат храна, освежителни пијалоци и забавни активности во текот на целиот настан.

Целта на овој настан е да се даде можност за вмрежување на новата генерација на професионалци, претприемачи, иноватори и стартап ентузијасти како и шанса за развој и лансирање на својот стратап во Македонија и странство.

Startup Weekend Ohrid 2022

Кој сѐ ќе биде дел од овој настан?

Дел од менторите на овој хакатон се претставници на стартап сцената во нашиот екосистем: Cognism, Aqtos, FitKit, FinqUp, Boksy, Microtica, Modeliks, Embed Social, Slice, Vidict и други.

Покрај претставниците на стартап сцената, учество ќе земат и претставници од: Eurolink, Piksel, Brainster, Qinshift, RedBull, Sefidanis, Impact foundation, JW Player, NEST Group, Google for startups и други.

Што е Стартап Викенд?

Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на едно место да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд.

Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја и проект на кој ќе работат. 

Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 20 ментори (стартап основачи и домашни и странски експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, бизнисмени и инвеститори.

Како помина првото издание на Стартап Викенд Охрид во 2022 година?

На првиот Стартап Викенд Охрид во 2022 година учество зедоа 60 учесници, 40 ментори и над 20 подржувачи. Учесниците креираа 10 стартап решенија, кои што се претставија со своја питч презентација пред стручното жири.

Стартапот „Advices.mk“, во режија на Димитар Чуковски, Ања Поповиќ и Јован Иловски, го освои првото место.

Advices.mk е платформа прилагодена и за адвокатите и за граѓаните, што овозможува лесен пристап до правни услуги, особено за оние кои живеат во оддалечените рурални области.

Тип на наградите кои им беа доделени на победниците вклучуваа:

  • Гостување на интернационални конференции
  • Менторска поддршка од локални и регионални акцелератори
  • Бесплатни едукативни академии и курсеви
  • Бесплатно користење на Co-work простории
  • Бесплатни консултантски услуги за отварање на компанија
  • Бесплатни консултантски услуги за пристап до финансии и пишување на проекти
  • Бесплатни алатки од стартап екосистемот (Google cloud, Go Daddy)
Победници Startup Weekend Ohrid 2022

За повеќе информации и новости, следете ги Facebook, Instagram и веб-страницата или контактирајте не директно на swohrid@gmail.com или +389 75 408 228.

Startup Weekend Ohrid 2022

Резервирајте ги вашите билети и се гледаме во Охрид на еден незаборавен викенд!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ