Сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=9 Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, […]
Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се надевам дека до крајот на декември ќе се завршат и комплетно и ќе се вратат во функционална состојба хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје. Во меѓувреме ќе инсистираме ако може што поскоро да се […]
Од Хидрометеролошкиот завод предупредуваат за утре големо невреме во Македонија. „Утре нашата земја ќе се наоѓа во портокалово ниво на опасност од невреме“, велат од УХМР. Ова е временската прогноза за утре: „Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава […]
Собранието со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика што го најави ВМРО-ДПМНЕ, за да се спречи зголемување на цената на струјата. Пратениците на СДСМ најавија дека ќе го поддржат законот, и кажаа дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада, нешто […]
Владата ја промовираше првата странска инвестиција. „Алказар енерџи“ ќе го гради ветерниот парк две години, ќе почне да произведува струја во 2027 година и ќе отвори 630 нови работни места СКОПЈЕ -Преодот кон производство на струја од обновливи извори на енергија зема замав по промовирањето на новиот парк на ветерници кој ќе го гради инвестицискиот […]
Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ поскапуваат нафтените деривати. Така, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/литар. За два денари поскапуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Цената на дизел горивото од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, а мазутот М-1 НС, се […]
Мнозинството на пратеници во Собрание дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од Христијан Мицкоски. По вечерашното гласање, тој е нов премиер на Македонија, а за време на свечената заклетва во законодавниот дом, тој го изговори уставното име на државата Северна Македонија. Мнозинството на пратеници во Собрание дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од […]
Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и во Центар.Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции. „Дел од оградата заедно […]
Тетовскиот регион попладнево го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, со грмотевици и засилен ветер. Во моментов голем број на сообраќајници се под вода, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово.Сообраќајот е целосно блокиран како во градот, така и на автопатот Тетово-Скопје каде има се уште врнежи од дожд и град. Од Центарот […]
Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. Од Центарот за управување со кризи информираат дека на 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми. Во […]