Регулаторна донесе одлука за нова цена на горивата

Регулаторната комисија донесе одлука за нови цени на горивата која стапува на сила на полноќ.

Цената на бензините останува иста, а има промена кај цената на мазутот.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74 денари, додека на ЕУРОСУПЕР 98+ 76,5 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.

Цената на мазутот се намалува за 1,2 денари, и од утре се продава по цена од 42,3 денари по килограм.

Непромената останува и цената на екстра лесното масло за домаќинство односно 67,5 денари.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ