Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. Покрај другите, за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни услови и се повеќе изложени на влијанието на топлотните бранови, или лица кои […]
Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот на волонтерот од Црвениот крст на Грција, Јоанис Т. Колокитас, младиот човек доживеал срцев удар по инцидент со давење, под засега неутврдени околности. Интервенцијата на спасувачот била итна, кој, со помош на пливачи, го извлекол […]
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека на 5 јули се предвидува да започне со работа заедничкиот граничен систем „уан стоп шоп“ со Србија. Како што рече, завршена е последната фаза од ратификацијата, а моментално е во тек тестирањето на системот. „Договорот што го потпишав со српскиот колега Ивица Дачиќ вчера ја помина […]
Управата за хидрометеоролошки работи ја објави временската прогноза за следните неколку денови. Утре се очеквуа во некои градови температурата да биде и над 40 степени. Според прогнозите, 41 степен максималната температура ќе биде во Скопје, Гевгелија и Велес, додека во Демир Капија се очекува 40 степени. „Утре и во петок ќе се задржи многу топло […]
Вицепремиерот Изет Меџити и еден од политичките лидери на коалицијата „Вреди“ на денешната прес-конференција информираше дека како Влада имаат конкретен резултат во борба против криминалната индустрија на коцкањето и игрите на среќа. Со владината одлука за блокирање на 173 интернет страници за онлајн коцкање, како што нагласи тој, се исполнува едно од најјасните ветувања што […]
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за нивно отстранување. „Во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број“, информира МВР.
Азир Алиу е нов министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откако на денешната 54. седница ги избраа пратениците во Собранието со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан. На 12 мај, лидерот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари соопшти дека партијата оди во опозиција, а со […]
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната […]
Температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат и до околу 36 степени, пишува Славчо Попоски. По долго очекување, конечно љубителите на летните температури си доаѓаат на своето. Од недела (1 јуни), како и во […]
Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три успешни операции на вградување пенилни протези, со што Македонија се вклучи во редот на најнапредните здравствени системи што нудат врвни решенија за хируршкото решавање на органската еректилна дисфункција. Овој иновативен третман е наменет за пациенти кај кои конвенционалните […]