Синоптичарите и за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. – Подрачјето на нашата земја и во следниот период […]
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 10.7.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,854%, кај […]
Царинската управа објави што може да се носи при влез и излез од Македонија. Дозволен е внес на преработки од тутун и алкохолни пијалоци: Дозволен внес и излез на пари во готовина и дозволен внес на парфеми: Дозволен внес на стока од некомерцијална природа и пренос на миленици:
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки. Државата, како што извести Министерството за здравство, по добиени информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, 13 јули 2023 година, ќе биде зафатена […]
Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден и ќе изнесува 70,50 ден/литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на […]
правата за хидрометеоролошки работи на Македонија најавува топлотен бран од понеделник. Според моменталните параметри од понеделник ќе започне живата на термометарот постојано да се качува и во четврток ќе го достигне својот максимум кога се очекува да бидат измерени 40 степени целзиусови во сенка. Во понеделник ќе биде сончево и топло, а температурата ќе се […]
Wizz Air, најбрзо растечката и најеколошки одржливата авиокомпанија во Европа на глобално ниво, најавува попуст од 10%* на избрани летови во својата мрежа. Билетите се достапни само денес, 6 јули, за патниците на WIZZ кои сакаат да патуваат на или пред 30 септември 2023 година. Wizz Air нуди широк спектар на рути по ниски цени […]
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој […]
Царинските службеници од царинската подружница „Аеродром“ спречија обид за нелегално изнесување девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А., кој патувал на релација Скопје-Цирих. Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ се пријавил со само еден сив куфер по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил […]