Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ на Преспа форум за дијалог 2023, што се одржува во Струга на тема „Проширено европско семејство до 2030: (Не)возможна мисија?“. Пред учесниците на форумот претседателот Пендаровски говореше по прашањето на руската агресија врз Украина и промени што војната ги донесе на […]
– Патувањето од Меѓународниот аеродром Скопје до Саудиска Арабија го започнаа 180 од вкупно 2.030 аџии. СКОПЈЕ (АА) – Првата група верници од Северна Македонија замина кон светите места за да исполни еден од петте услови на исламот – аџилакот, јавува Агенција Анадолу (АА). Патувањето од Меѓународниот аеродром Скопје до Саудиска Арабија го започнаа 180 […]
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин по средбата во Пентагон ги поставија темелите за развој на одбранбената соработка помеѓу сојузниците – Северна Македонија и САД, за следните десет години. Новиот патоказ кој беше потпишан во Пентагон, ги дефинира областите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во […]
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар по литар, соопшти Регулатрорната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 81,5 денари, еуросупер БС – 98 […]
Браќа Торбеши, ја имате мојата поддршка! Деновиве кога уставните измени се сѐ поактуелни, а со тоа се дебатира кои ќе бидат дел од Преамбулата на Уставот, сакам јасно да им изразам поддршка на браќата Торбеши и да укажам дека немаме никаков проблем со универзалните права на граѓаните кои се чувствуваат и се декларираат како Торбеши […]
Министерката Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека на пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија. „26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени […]
Авиокомпанијата Wizz Air најави дополнително проширување доделувајќи уште еден воздухоплов во својата база во Скопје, известува ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид. Wizz Air ќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојната есен и зима […]
Повозрасниот демиркапиец претходно го пријавувал својот млад сосед за тропање од горе, велат од МВР по убиството и самоубиството во Демир Капија. „Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање“, велат од МВР. Двајцата имале нарушени меѓусоседски односи, но во минатото немало големи инциденти или тепачки. По пријавата, […]
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Прилеп, присуствуваше и се обрати на настан по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д, кој заедно со Коридорот 8 е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата. Во прилог го пренесуваме […]
Глутница кучиња скитници напаѓаат жена. Ова е содржината на вознемирувачкото видео кое се појави на социјалните мрежи, а го објави ТВ21. Неколку кучиња нападнаа една жена која исплашена почна панично да бега, да вика, падна на земјата почна да повикува за помош. Среќа двајца мажи веднаш притрчале и ѝ помогнале на жената. Проблемот со кучињата […]