Од попладнево дожд, врнежите ќе се интензивираат утре – детална временска прогноза

Во Македонија денес ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито и релативно топло време. Во доцните попладневните и во вечерните часови продор на влажна и нестабилна воздушна маса која што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд. Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта петок кон сабота и ќе се интензивираат. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина до 35 км/ч. Максималната дневна температура во Македонија денес ќе достигнат до 15 односно до 24 степени, прогнозираат од Weather4all за 4NEWS.mk

МАКЕДОНИЈА УТРЕ 04.11.2023

Врнежите од дожд ќе продолжат во текот на ноќта петок кон сабота и во сабота во текот на денот, со зголемување на интензитетот. Локално се очекуваат да наврнат од 25 до 45 литри. Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во крајните западни и во источните предели (локално со потенцијал и до 55 литрти). Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежите постепено ќе престануваат и намалување на облачноста. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина до 20 км/ч. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 9 до 19 степени, додека пак во вечерните часови со разведрувањето ќе имаме и пад на температурите, па кон крајот на денот ќе биде и најстудено со температури од 4 до 11 степени.

МАКЕДОНИЈА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во Македонија во недела и понеделник по свежото утро со утрински температури од 1 до 9 односно од 2 до 10 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат од 12 до 22 односно од 13 до 23 степени.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ