Поради реконструкција на автопатот, влезот во Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена и во градот ќе се влегува преку стариот пат. „Поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље-Охрид на магистралниот пат А3, од вчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208“, потврди АМСМ и додаде дека е поставена соодветна сигнализација. Засега единствената […]
Група студенти од Хрватска демолирале хотел во Охрид. Имавме посети од големи групи студенти, но досега ваков проблем не сме имале, изјавил менаџерот на хотелот од Охрид. Скршен инвентар по соби, уништени тоалети, скршени прозорци, насекаде пивски шишиња, една соба се запалила.. бил резултатот по петдневната екскурзија на студенти од Хрватска, пишува хрватскиот портал „24 сата“. […]
Со чартер-лет на холандскиот тур-оператор „ТУИ“ на охридскиот аеродром денеска пристигна првата група туристи од Холандија. Преку холандската филијала на „ТУИ“ оваа летна сезона на Охридската ривиера се очекува да летуваат околу 15 илјади туристи од регионот на Бенелукс, што во Охрид ќе доаѓаат со пет до шест чартер-лета седмично. На охридскиот аеродром „Свети Апостол […]