Студенти од Хрватска демолирале хотел во Охрид (ВИДЕО)

Група студенти од Хрватска демолирале хотел во Охрид. Имавме посети од големи групи студенти, но досега ваков проблем не сме имале, изјавил менаџерот на хотелот од Охрид.

Скршен инвентар по соби, уништени тоалети, скршени прозорци, насекаде пивски шишиња, една соба се запалила.. бил резултатот по петдневната екскурзија на студенти од Хрватска, пишува  хрватскиот портал „24 сата“.

Менаџерот на хотелот рекол дека гостите биле агресивни и предизвикале голема материјална штета. Во хотелот имало вкупно 1.250 студенти од 12 факултети за кинезиологија и кинзитерапија од целиот Балкан, а најбројни биле од Хрватска, кои ги имало 217.

Наводно, студентите палеле факели во собите и ходници.

Студентите од Хрватска велат дека тие не биле единствените што правеле штета.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ