Најдобриот македонски атлетичар во маратон Дарио Ивановски, успешно го финишираше маратонот во Токио, во рамките на Светското првенство. Ивановски заврши на 58. позиција со време од 2:26:31. Маратонот го завршија 66 натпреварувачи, а многумина од пријавените се откажаа за време на трката. Победник на маратонската трка е Алфонс Феликс Симбу од Танзанија, кој заврши за […]
Македонскиот фудбалски првак Шкендија не успеа да ја сочува предноста од 2-1 од Скопје, на гостувањето кај Лудогорец во Разград. Тимот од Тетово успеа да се избори за продолженија, но во нив домашните стигна до два гола и до пласман во Лигата на Европа. Куртулус уште во 9. минута успеа да го донесе Лудогорец до […]
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше рекордна донација на спортска опрема за 1.848 деца – пионери и помлади пионери – од младинските категории во натпреварувачкиот систем на федерацијата. Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига добија по 44 комплети опрема за тренинг, кои вклучуваат тренерки, маици и шорцеви, […]
Македонскиот првак Шкендија ги доби противниците во историскиот прв настап во Лигата на Конференции. Тетовскиот тим ќе игра против: Слован Братислава дома од првиот шешир, потоа од вториот шешир на гости против Рајо Ваљекано, дома против Јагелонија од Полска од третиот шешир, Дрита од Косово од четвртиот шешир на гости, Шелбурн на домашен терен од шестиот шешир и од петиот шешир АЕК Ларнака на гостински терен. […]
Ерата на Жозе Мурињо на клупата на турскиот гигант Фенербахче е завршена. Клубот од Истанбул утрово преку официјално соопштение потврди дека португалскиот стратег повеќе не е дел од тимот. „Се разделивме со Жозе Мурињо, кој беше менаџер на нашиот професионален фудбалски тим во сезоната 2024/2025. Му благодариме за трудот и посветеноста и му посакуваме успех […]
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, на денешната прес-конференција пред мечот со Лихтенштајн ги искажа своите очекувања. Како што рече предодникот на македонскиот национален тим, ќе се влезе без потценување и максимално сериозно и на овој, како и на сите натпревари. „Според ранкгингот Македонија е фаворит, но имаме максимален респект кон репрезентацијата на Лихтенштајн […]
Падна трансфер рекорд во Премиер-лигата. Денешниот ден ќе биде запишан во историјата на англиското фудбалско првенство затоа што Ливерпул го сруши рекордот во висина на трансфер на еден играч во најсилната лига во Светот. Актуелниот англиски првак успеа да го ангажира Александар Исак од Њукасл за сума од 125 милиони фунти плус бонуси, или вкупно […]
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално се врати во Наполи, објави денеска италијанскиот клуб. Играчот од средниот ред оди како позајмен во Наполи до крајот на сезоната, со право на откуп од страна на неговиот поранешен клуб. Елмас беше во Наполи од 2019 до 2023 година, пред да се пресели во Лајпциг. Меѓутоа откако не […]
Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 4-0. Македонија сосема очекувано доминираше на натпреварот, можеше да постигне и […]
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва ќе се соочи со Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Од Фудбалската федерација на Македонија апелираат навивачите да пристигнат навреме и заеднички да ја поддржат младата селекција. Вратите на стадионот ќе бидат отворени во 16:15 часот, а организаторите препорачуваат навивачите да дојдат порано за да се […]