На 03.02.2024 околу 02.40 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.,,Партизанска“ во Струга, патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(28) од Охрид, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Квалитетот на амбиенталниот воздух во Струга во определни временски интервали во текот на едно деноноќие е лош, покажуваат резултатите од единствената мерна станица во градот. Последните високи вредности, како што информира Никола Кукунеш, асистент на проектот „Воздухот на граѓаните“ биле измерени синоќа. – Мерната станица за квалитетот на воздухот во Струга вчера покажа високи 229 […]
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми во Тирана оствари средба со директорот на Патната управа на Република Албанија, Евис Бербери. Средбата беше фокусирана врз активностите поврзани со Коридорот 8 и на делот за изградба на планираниот тунел кај „Ќафасан“ кој ќе ги поврзува двете земји – Република Македонија и Република Албанија. – […]
По повод 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот и 15 февруари – Меѓународниот ден на децата болни од рак, Здружението за унапредување на здравјето ,,Филип Лукароски“ ќе одржи трибина со наслов ,,Превентивата е прв чекор во броба со ракот” на 2 февруари (петок) во 13:00 часот во Салата на Совет на Општина […]
Пред нас е , 6-то издание на Националната кампања „Ги запознаваме реткитеболести“ оваа година посветено на ретките заболувања во охридско-струшкиотрегион. Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со реткиболести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе сеобидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките […]
На 27.01.2024 година во 15.35 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е С.З.(42) од тетовското село Желино кој претходно, во своето патничко возило, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера, во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, соопшти МВР. По […]
На 24 Јануари во просториите на Црвениот крст на Струга беше организиран завршен настан за доделување на сертификати на учесниците во обуката за ,, Личен асистент на лица со попреченост “. На истата обука успешно беа сертифицирани 16 нови асистенти. Обуката се одвиваше во периодот од 13.10.2023 до 15.12.2023 во Просториите на Црвен крст Струга […]
На 19.01.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионален пат Р1201, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.З.(37) од с.Враништа, струшко, излетало од патот. Во несреќата, возачот И.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид […]
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 14-ти јануари 2024 година, во 00:17 часот регистрираше земјотрес со епицентар на 173 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5. – Според досегашните податоци со кои […]