Новоизбраниот германски министер за одбрана Борис Писториус изјави дека германската армија не е подготвена да ја брани земјата во случај да биде нападната. -Немаме вооружени сили способни да ја бранат земјата од брутална офанзива и агресивна војна, рече тој за време на состанокот со членовите на неговата Социјалдемократска партија (СПД). Според него, германските вооружени сили […]
Пожар избувна денеска на градилиште на облакодер во Хонг Конг, поради што се активирани голем број пожарникари, соопштија градските власти. Пожарот избувна во 23.11 часот по локално време (17.11 часот по средноевропско време) во Цим Па Цуи, комерцијален и туристички кварт на морскиот брег. Засега нема информации за жртви. Пожарот најпрвин бил забележан во близина […]
Речиси четвртина од германското население има мигрантско потекло, објави денеска заводот за статистика. „Деветнаесет милиони или 23 отсто од германското население се или доселеници или двајцата родители им се доселиле во Германија“, се наведува во извештајот.. Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои се доселиле во Германија од друга земја по 1950 […]
Словенија со четврто место и Хрватска со петто место се рангирани меѓу петте земји во Европа со најдобри услови за живот, објави сајтот „Croatia Week“. Анкетата ја спроведе блогот „My Dolce Casa“, кој објавува материјали за патување, преселување, живеење и пензионирање во различни земји. Нејзиното рангирање вклучува 15 европски земји кои нудат комбинација на висок […]
Романскиот премиер Николае Чука го претстави својот „нов почесен советник“ во својот кабинет – помошник со вештачка интелигенција. Главната задача на помошникот, именуван како Јон, ќе биде да ги анализира социјалните мрежи и да ја информира владата во реално време за предлозите и желбите на Романците. Чука, претставувајќи го својот нов советник на седница на […]
Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот […]
Повеќе од половина од територијата на Аргентина остана без струја откако пожар ја оштети националната електрична мрежа, јави Би-би-си. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја додека Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата. Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, […]
Најмалку две лица загинаа во руски напад врз станбена зграда во Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти. „Луѓето се под урнатините. Според прелиминарните информации, две лица загинаа“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев за Телеграм. Тој додаде дека зградата е „практично целосно уништена“ во нападот.
Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој веднаш по разорниот земјотрес во Турција, беше испратен да помогне во пронаоѓањето на преживеани и учествуваше во извлекувањето на 38-годишната жена, во разговор за МИА открива дека нејзиното извлекување од урнатините траело цели осум часа. По пристигнувањето во градот Адијаман, веднаш почнала потрагата по преживеани, но првиот […]
Во Тел Авив избија судири меѓу полицијата и демонстрантите против судските реформи што Владата сака да ги спроведе, а кои тие ги сметаат за антидемократски, откако два спорни нацрт-закони го поминаа своето прво читање во Парламентот. На протестите во Тел Авив против реформите, поради кои беше запрен сообраќајот на неколку патишта, полицијата употреби водени топови […]