Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанок на воената команда во украинската област Херсон, која е делумно под контрола на Русија, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации од Кремљ. Путин ги слушал извештаите на командантите на воздухопловните трупи и армиската група „Дњепар“, како и други високи офицери, се вели во соопштението. Посетите на рускиот […]
Комесарот за стандарди на Парламентот на Обединетото Кралство отвори истрага против премиерот Риши Сунак поради евентуален конфликт на интереси. Истрагата е отворена на 13 април поради уделот на сопруга на Риши во компанијата за згрижување деца „Кору кидс“. Опозициските либералдемократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во компанија која прима […]
Со главниот руски пропаганден канал на социјалните мрежи „Донбас девушка“, познат по ширење на дезинформации за војната во Украина, раководи поранешната припадничка на американската морнарица Сара Билс, објави „Вол стрит џурнл“. Каналот „Донбас девушка“ имаше клучна улога во ширење на доверливите разузнавачки документи, украдени од 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек […]
Државјанин од Македонија, на возраст од 42-години е уапсен во Швајцарија поради сомневање дека ја убил сопругата, која исто така имала корени од Македонија. Швајцарскиот портал „20мин.цх“ пишува дека тие живееле во кантонот Тургау. Според медиумот, во петокот, околу 11 часот, мажот се јавил во Центарот за итни случаи во швајцарската област и пријавил дека […]
Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА. Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од 2019 година, кој предвидува крај […]
Во пожар што избувна во зградата Ал-Рас во Дубаи загинаа 16 луѓе, а девет се повредени. Зградата Ал-Рас е лоцирана во еден од старите квартови на градот, каде живеат голем број странски работници, но не е соопштена националноста на жртвите. Се претпоставува дека пожарот избил поради непочитување на безбедносните правила. Во 2017 година, властите на […]
Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс ќе биде на 6 мај, а кралското обезбедување ја планира најголемата безбедносна операција поради страв од напади на еко-активисти, терористи и анархисти. „Заканата сега е поголема отколку што беше во последните 50 години“, рече поранешниот шеф на Кралската безбедност, Даи Дејвис, според „Мирор“. Инаку, одвоените протести на групата „Република“ […]
Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор. Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци. Тоа создаде […]
Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин. Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“. Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во главниот град на Виетнам, Ханој, изјави дека протекувањето на воените разузнавачки податоци нема да влијае врз соработката на Вашингтон со партнерите и сојузниците. Врз основа на разговорите што ги имав, не слушнав ништо што би влијаело на нашата соработка со сојузниците и партнерите, наведе Блинкен, додавајќи дека […]