Поплавите во Германија прекинаа важни железнички линии, се затвораат градинки, училишта…

Хаосот со поплавите во Германија продолжува. Во околината на Штутгарт, во окрузите Ремс-Мур и Лудвигсбург, затворени се градинките и училиштата.

Железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен, како и меѓу Штутгарт и Франкфурт е во прекин поради поплавите што ја погодија Германија , објави Дојче бан.

Компанијата ги повика граѓаните да ги одложат сите патувања кои не се неопходни.

Во југозападниот кварт Шварцвалд-Бар се активирани неколку одрони, а во градот Милхаузен неколку луѓе се спасени од водата чија висина достигнала 1,8 метри.

Пожарникар загина во ноќта меѓу саботата и неделата за време на спасувачка операција поради поплавите во градот Пфафенхофен ан дер Илм во Горна Баварија , кога се превртел чамецот во кој се наоѓал со тројца колеги

ОСТАНАТИ ВЕСТИ