Повеќе луѓе загинаа во напад во градот Доњецк во источна Украина, контролиран од Русија, иако точниот број не е јасен, пренесе ДПА. Некои руски медиуми јавуваат дека загинале четири лица, додека други наведуваат дека има девет. Цел на нападот била колона возила и, според руските извештаи, бил изведен со американски ракети Химарс. На интернет се […]
САД ја ценат репатријацијата денеска на 14 жени и деца од камп за раселени лица во североисточна Сирија, соопштија од Стејт департментот, од каде укажуваат дека овој регион сè уште претставува закана за регионалната и меѓународната безбедност. -Ние сме исто така благодарни на нашите локални партнери Демократските сили на Сирија, за нивното лидерство во одговорот […]
Светската здравствена организација (СЗО) по повод својата 75-годишнина, денеска предупреди на растечкиот јаз во персоналот во глобалниот здравствен систем. До 2030 година ќе има недостиг од околу 10 милиони професионалци ширум светот, изјави во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. – Додека светот закрепнува од пандемијата на Ковид-19, ги повикуваме сите земји да ја […]
Соединетите Американски Држави денеска оценија дека Израел има право да се брани по ракетниот напад од Либан и од Појасот Газа. – Го осудуваме истрелувањето ракети од Либан и Газа. Нашата посветеност на безбедноста на Израел е цврста. Го признаваме легитимното право на Израел да се брани од сите форми на агресија, изјави портпаролот на […]
Наводниот организатор на поткуп во Европскиот парламент, Антонио Панцери, може да го напушти затворот под одредени услови, соопштија денеска обвинителите во Брисел. Како што пренесе ДПА, судот кој е надлежен за случајот одлучи дека Панцери може да го помине истражниот затвор во домашен притвор со електронски надзор, изјави портпаролот на јавното обвинителство. Поранешната потпретседателка Ева […]
Највисокиот експерт на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 ги опомена кинеските научници дека три години задржуваат податоци од примероците на вируси од Вухан, објави американското списание „Сајнс“ (Science). – Недостигот на откривање податоци е едноставно неоправдано, рече Марија Ван Керхове, во невообичаено остра критика, јави ДПА. СЗО само во средината на март годинава прими […]
Наградата Карло Велики оваа година треба да му биде врачена на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 14 мај, иако не е јасно дали тој лично ќе го прими признанието. Меѓународната награда Карло Велики од Ахен се доделува за сработеното во служба на европското обединување. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе одржи говор […]
Плановите на Киев за враќање на териториите окупирани од Русија се строго чувани, при што малку луѓе знаат за локацијата и времето на пролетната офанзива, преесува ДПА. – Најмногу три до пет луѓе знаат за плановите, изјави секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност Олексеј Данилов во радио-интервју. – Информациите за тоа каде, кога и […]
САД го пренасочија својот фокус од либерализацијата на трговијата кон инвестициите во домашното производство и соработката со „земјите – истомисленици“, рече американскиот трговски претставник Кетрин Таи, предупредувајќи на пречки во областа на регулативата и заштитата на животната средина. Во говор на Правниот факултет на Американскиот универзитет во Вашингтон таа рече дека традиционалниот пристап заснован на […]
Околу 570.000 луѓе протестираа денеска во Франција, вклучително и 57.000 во Париз, на 11-тиот ден од протестите против пензиските реформи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Бројот на демонстранти е многу помал од претходните протести на 28 март, кога властите избројаа 740.000 демонстранти во Франција, од кои 93.000 во Париз. Инциденти денеска имаше во Рен и […]