Столтенберг во ненајавена посета на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е во прва посета на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина за да покаже поддршка за земјата додека се подготвува за контраофанзива.

Столтенберг утрово пристигна во ненајавена посета на Киев и се очекува подоцна да има средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, пренесува „Киев индепендент“.

Генералниот секретар утрово го посети споменикот изграден во чест на загинатите украински војници во досегашните борби и ја разгледа оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад во Киев.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *