Парламентот на Летонија гласаше за повлекување на земјата од Истанбулската конвенција, меѓународниот договор на Советот на Европа за борба против насилството врз жените, откако конзервативниот партнер во владејачката коалиција го поддржа потегот и покрај противењето на премиерот и претседателот. Противниците на конвенцијата во Летонија тврдат дека документот го воведува поимот род што оди подалеку од […]
Шесткатна зграда се урна утрово во близина на Истанбул, Турција, а се стравува дека најмалку пет лица се заробени под урнатините. Инцидентот се случил утрово околу 7:30 часот во градот Гебзе во покраината Коџаели во близина на Истанбул. Зградата се урнала од непознати причини, јавуваат турските медиуми. Спасувачките екипи испратени на местото на настанот започнаа спасувачка […]
Борбени авиони на Полска пресретнал и придружувале руски авион кој извршувал извидувачки лет во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, без пријавен лет и со исклучен транспордер, објави Ројтерс. Инцидентот се случил во делот на меѓународниот воздушен простор кој е под контрола на полските воздухопловни сили. Пресретнатиот авион бил ИЛ-20, но не го нарушил воздушниот […]
Повеќе дронови беа забележани над воена база во Белгија во саботата навечер и повторно синоќа, предизвикувајќи безбедносни проблеми, потврди министерот за одбрана Тео Франкен. „Нашата стражарска станица во Марк-ан-Фамен во саботата навечер подолг период набљудуваше повеќе беспилотни летала над клучните делови од седиштето на нашата воена бригада. Ова не беше дело на аматери, туку на […]
Во Словачка, можете да пешачите само 6 километри на час ако сакате да го почитувате законот. Словачкиот парламент во вторник попладне усвои амандман на законот за сообраќај, со кој се поставува максималната дозволена брзина на тротоарите во урбаните средини на 6 км/ч, објавува Политико. Ограничувањето се однесува на пешаци, велосипедисти, лизгачи и возачи на тротинети […]
САД и Јужна Кореја постигнаа сеопфатен трговски договор по разговорите меѓу нивните лидери, што ги потврдија и двете страни. Клучен дел од договорот вклучува намалување на царините и значителни јужнокорејски инвестиции во американската економија, објавува Би-Би-Си. Претседателскиот советник на Јужна Кореја, Ким Јонг-беом, изјави дека двете страни ќе ги намалат царините една на друга од […]
Мелиса е најмоќниот ураган во историјата што директно ја погодил Јамајка. Но, гледајќи го поширокиот Атлантик, Мелиса е значајна од следниве причини: Го дели првото место како најмоќен ураган што стигнал до копно било каде во атлантскиот басен, со постојани ветрови од 298 км/ч Со централен притисок од 892 милибари, Мелиса го дели и првото […]
Премиерот на Барбадос рече дека нацијата стои со земјите погодени од ураганот Мелиса. „Ние сме едно Карипско и заедно ќе ја надминеме оваа криза“, напиша Миа Амор Мотли во објава на социјалните мрежи X. „Нашите молитви се со сите други карипски земји кои може да бидат погодени.“ Ураганот го погоди источниот брег на Куба утрово […]
Ураганот Мелиса предизвика смрт на повеќе од 30 лица и уништување во карипските земји, низ Јамајка, Хаити, Доминиканската Република и Куба, објави денес Скај њуз. Службениците досега пријавија 25 смртни случаи во Хаити, осум во Јамајка и еден во Доминиканската Република. Снимките од воздух ги прикажуваат градовите уништени од бурата, која стигна до копното во […]
Националниот центар за урагани на САД во своето последно ажурирање соопшти дека центарот на Мелиса сега е само околу 80 милји (130 километри) од источните Бахами. Се движи кон островската нација со брзина од 26 км/ч. Сепак, максималните одржливи ветрови се забавија на 145 км/ч. Тоа технички ја прави Мелиса ураган од категорија 1. Официјалната […]