Вторник, 24 ноември 2026 вторник, 24 ноември Струга 7°C Струга 7°C Пријави вест
Свет

Швајцарија: 22 тешко повредени на возраст меѓу 16 и 26 години

Објавено: · 1 мин читање
Швајцарија: 22 тешко повредени на возраст меѓу 16 и 26 години

Најмалку 22 лица кои претрпеле сериозни повреди во пожарот се на возраст меѓу 16 и 26 години, покажуваат извештаите.
Според директорката на Универзитетската болница во Лозана, Клер Шарме, која разговараше со швајцарскиот дневен весник „24 оури“, повредените биле однесени со хеликоптер во болницата. Тоа е еден од само двата медицински центри во Швајцарија специјализирани за лекување на тешки изгореници, заедно со Универзитетската болница во Цирих.
Повеќето од жртвите имаат изгореници кои покриваат повеќе од 20% од нивните тела, рече Шарме. Таа додаде дека нивното закрепнување ќе трае со недели, ако не и со месеци.