Во Германија денеска ќе се одржи најмасовниот штрајк во последните три децении, а лидерот на германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“, Франк Вернеке, изјави дека штрајкот е прашање на опстанок на илјадници луѓе кои се борат за повисоки плати додека расте инфлацијата. Според најавите на синдикатите, во Германија речиси се ќе запре, пренесува „Дојче Веле“. […]
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ноќеска изјави дека завршувањето на војната во Украина веќе оваа година е заедничка задача на цивилизираниот свет. Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците кажа дека сега е многу важно секој што има влијание врз информациите да учествува во информативната работа, пренесе украинската агенција Униан. Украинскот претседател кажа дека тоа […]
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера го разреши својот министер за одбрана, еден ден откако повика на едномесечна пауза во процесот на контроверзната судска реформа што владата сака да ја спроведе. – Премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го разреши министерот за одбрана Јоав Галант, стои во кусото соопштение од кабинетот на израелскиот премиер. Галант, кој е […]
Украинските бегалци се повеќе се мета на сексуална експлоатација со зголемен интерес за порнографија која наводно прикажува бегалци од земјата разурната од војна, според истражувањето. Томсон Ројтерс спроведе истражување кое покажа дека украинските бегалци можат да бидат жртви и на трговците со луѓе на терен и на кибер-воајери. Истражувачите, анализирајќи го глобалниот сообраќај на интернет […]
Украина бара свикување на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради најавата на Русија дека ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. „Украина очекува ефективни акции против нуклеарната уцена на Кремљ од Обединетото Кралство, Кина, САД и Франција… Бараме итно свикување на вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за оваа […]
Втората студена војна може да испадне поопасна од првата, предупредува поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Мундо објавено синоќа. – Оваа втора студена војна би можела да започне меѓу САД и Кина, предвидува поранешниот државен секретар. Според Кисинџер, една од причините зошто Втората студена војна може да се покаже поопасна од првата […]
НАТО ја критикуваше Русија поради нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. – НАТО е во состојба на готовност и внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никакви промени во нуклеарната позиција на Русија што би предизвикало да ја прилагодиме […]
Американскиот институт за проучување на војната ја оквалификува како неважна најавата на Кремљ за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија во однос на ризикот од ескалација на конфликтот во нуклеарна војна. „(Рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да ги искористи западните стравови од нуклеарна ескалација со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“, посочува Институтот. […]
Јенс Столтенберг заминува. А кој доаѓа? Се погласни се шпекулациите за можна генерална секретарка на НАТО. Тоа би била премиера за воениот сојуз. Но, како функционира изборот на кандидати? Во октомври највисокото дипломатско место во НАТО ќе биде испразнето. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е на функција од 2014 година, минатиот февруари преку […]
Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км. Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и […]