До смрт претепа жена, па ја запали: Доживотен затвор за доставувач во Флорида

Американски доставувач на куќни апарати вчера беше осуден на доживотен затвор затоа што претепал 75-годишна жена до смрт и ја запалил во нејзиниот дом на Флорида.

Судијата во округот Палм Бич го осуди Хорхе Дупре Лахаз на две доживотни затворски казни, плус дополнителни 30 години.

-24-годишникот беше осуден во јануари за убиство од прв степен, кражба и подметнување пожар, пишува „NBC News“.

Дупре Лахаз и уште еден маж испорачаа машина за перење и сушење кај Евелин Смит во август 2019 година. Откако ги поставил уредите, другиот човек излегол надвор и неколку минути подоцна слушнал врисоци. Ја нашол жената на подот и се јавил на 911. Лахаз се оддалечил со камион за испорака, но подоцна бил запрен од полицијата.

На местото на злосторството, инспекторите пронајдоа гумен чекан и конзерва со разредувач што тој ги користел за да ја запали областа до телото на жената. На двата предмети имало отпечатоци од прсти на Лахаз. Полицијата открила и дека некој го претурал паричникот на жртвата, што укажува дека мотивот за нападот е кражба.

Неговите адвокати на судењето не негираа дека 24-годишникот ја нападнал постарата жена, но тврдеа дека не се работи за убиство со умисла.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *