Голем пожар избувна во американска фабрика за дронови во Летонија во Марупе, предградие на главниот град Рига, јави летонскиот весник „Диена.лв“. Голем број спасувачки екипи се на терен во обид да го изгаснат големиот пламен, а на жителите им се препорачува да се држат настрана. Речиси 50 пожарникари, девет противпожарни возила, како и противпожарната служба […]
Германскиот совет за безбедност одобри испорака на 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина од индустриските резерви, што е значително повеќе од претходно најавеното, јави денеска „Шпигел“, повикувајќи се на неименуван извор. Британските медиуми најавуваат дека најголем дел од тенковите ќе бидат испорачани следната година, додека неколку ќе пристигнат во Украина во текот на летото. Германија […]
Дваесет борци на „Исламска држава“ избегаа од затвор во северна Сирија, искористувајќи го хаосот предизвикан од разорниот земјотрес во областа на турско-сириската граница, јави ДПА. Цитирајќи ги затворските власти, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека членовите на групата Исламска држава биле во затвор во северниот дел на Алепо. Тоа е еден од регионите кои […]
На изборите за градоначалник на градот Пуерто Лопез во Еквадор победи кандидатот Омар Менендез, кој беше убиен само неколку часа пред отворањето на гласачките места. Вооружени напаѓачи упаднале и во просториите на неговата партија во саботата и го убиле Менендез и уште еден малолетник, јавува Би-би-си. Полицијата во Порто Лопез соопшти дека се уште го […]
Дејвид Керик, еден од најголемите сексуални предатори во поновата британска историја, кој дваесет години работел во лондонската полиција, денеска е осуден на доживотен затвор за десетици силувања и сексуална злоупотреба на дванаесет жени. – Ги искористивте жените на ужасен начин, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши […]
Десетици илјади демонстранти денеска повторно протестираа низ Франција поради најавената реформа на пензискиот систем, а новите штрајкови предизвикаа нарушувања во работата на јавниот транспорт и училиштата и снабдувањето со струја, нафта и гас. Третиот бран демонстрации против пензиските реформи се случи еден ден откако членовите на францускиот Парламент почнаа да расправаат за законот со кој […]
Градскиот суд во Москва денеска ја потврди пресудата за одземање на лиценцата на независниот весник „Новаја Газета“, што со години наназад го критикуваше Кремљ. „Новаја газета“ беше најпознатиот независен весник во Русија се додека властите минатата година не го наредија неговото затворање како дел од акцијата против дисидентите. Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата […]
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(32) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола извршена на улицата „Петар Ѓончески Гиле“ во Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.
Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган денеска изјави дека некои хотели во одморалиштето Анталија ќе бидат привремен дом за преживеаните од земјотресот, во кој вчера загинаа неколку илјади луѓе на југот на Турција. „Се прават планови хотелите, кои веќе ги намалија активностите поради зимскиот период, да ги примат жртвите од земјотресот. Во регионот на Анталија за […]
Најмалку 150.000 луѓе во Турција останаа без покрив над главата во силниот земјотрес на југот на земјата, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Се проценува дека се уништени околу 6.000 згради. Засега е познато дека повеќе од 5.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија, кога земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер ги погоди […]