Лавров следната недела во посета на Турција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Турција на 6 и 7 април на покана на неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа прецизира дека двајцата планираат да разговараат, пред сè, за состојбата и перспективите на билатералните односи во областите од заемен интерес, вклучувајќи ги трговијата, енергетиката и туризмот.

Лавров и Чавушоглу ќе „разменуваат мислења“ и за регионални и меѓународни прашања, вклучително и за ситуацијата во Украина, Сирија и Нагорно Карабах, како и во Централна Азија и Авганистан.

Министрите ќе прецизираат „распоред за билатерални контакти на различни нивоа“, рече Захарова.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *