ФОТО: Хоспитализиран Папата Франциск, откажани сите состаноци

Папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани, објави Ватикан.

„Светиот Отец е во болницата ‘Џемели’ каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации.

Италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“ објави дека Папата бил пренесен во болницата со брза помош поради проблеми со срцето. Медиумите пренесуваат дека тој бил однесен на кардиолошкото одделение каде се вршат прегледи.

Папата (86) претходно во средата одржа општа аудиенција во Ватикан, а се појавија фотографии на кои се гледа како неговите соработници го приоддржуваа додека се качувал во возилто со болни гримаси на лицето.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *