Американската војска соопшти дека ќе се обиде брзо да ги пронајде клучните елементи на кинескиот шпионски балон меѓу остатоците во близина на брегот на Јужна Каролина, откако беше соборен од борбен авион Ф-22. „Потрагата е во тек. Колку време ќе потрае останува да се утврди“, изјави за новинарите висок претставник на американската одбрана, додавајќи дека […]
Обилниот снег предизвика несреќи и големи прекини на електричната енергија во Словачка, Чешка и Полска, каде денеска најмалку две лица загинаа во временските услови. Во Цисиец, на југот на Полска, во близина на границата со Словачка, една постара жена загина откако дрво паднало врз нејзиниот дом за време на невремето. -Пожарникарите ја пронашле пензионерката во […]
Хакерски тим поддржан од иранската влада наводно украл и објавил приватни податоци за клиенти кои му припаѓаат на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, соопштија денеска од Мајкрософт. Сатиричниот магазн беше хакиран во почетокот на јануари, откако објави серија карикатури кои негативно го прикажуваа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи. Карикатурите беа дел од медиумската кампања […]
Полицијата во неколку земји од Европската унија открила шифрирана апликација за пораки што ја користеле криминалните банди, соопшти вечерва холандската полиција, додавајќи дека се уапсени 42 лица и дека биле откриени лаборатории за производство на дрога, лекови, пари и оружје. Рации биле спроведени во Белгија, Германија и Холандија по повеќе од две години истрага, што […]
Француското претседателство денеска одобри да се разгледа можноста за продолжување на животниот век на нуклеарните реактори до 60 или повеќе години, доколку дозволуваат безбедносните прописи. Информацијата уследи откако претседателот на Франција, Емануел Макрон претседаваше со првиот од низата состаноци за нуклеарна политика. Макрон претходно ги објави плановите за изградба на најмалку шест нови реактори до […]
Франција и Италија ги финализираа техничките разговори за заедничка испорака на системот за воздушна одбрана САМП/Т-МАМБА на Украина напролет оваа година година, соопшти француското Министерство за одбрана. Системот САМП/Т-МАМБА е со среден дострел земја-воздух. Ова ќе и овозможи на Украина да се брани од руски беспилотни летала, ракети и напади со авиони, преку покривање на […]
Француската полиција денеска уапси 25-годишен Финец, осомничен дека упаднал во регистарот на податоци на околу 33.000 пациенти на Центарот за психотерапија во Хелсинки, соопшти финската криминалистичка полиција. Националното биро за истраги на Финска издаде меѓународна потерница за маж осомничен за кражба на приватни податоци на пациентите. Полицијата смета дека осомничениот уценувал пациенти и објавувал дел […]
САД објавија денеска за нов пакет оружје и муниција за Украина во вредност од 2,2 милијарди долари. Списокот вклучува муниција за ракетните системи ХИМАРС што им овозможија на украинските сили да таргетираат зад руските линии, системи за ПВО и оклопни возила, соопшти Пентагон.
Русите минатата година купи рекордна количина златни прачки. Даночните олеснувања за благородни метали ги поттикнаа луѓето да складираат резерви, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за финансии. Во март минатата година, Москва го укина данокот на додадена вредност на трговијата со злато за физички лица, во обид да ги спречи граѓаните да штедат […]
Не постои строг распоред за пристапување на Украина во Европската унија, а земјата се уште треба да исполни некои барања на патот кон членство во ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по средбата во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украина ќе прави напори секој ден да напредува […]