Американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС) денеска соопшти дека 998 деца мигранти и по две години се уште се разделени од своите родители. Децата се разделени од родителите и се сместени на американско-мексиканската граница за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. Според ДХС 148 деца се во процес на враќање кај нивните семејства.
Италијанецот Едгардо Греко, за кој се верува дека е член на моќната калабриска мафија Ндрангета, е уапсен денеска во Сент Етјен, Франција, по 16 години во бегство, соопшти Интерпол. Тој се криел во францускиот град најмалку три години работејќи како пица мајстор. Шеесет и тригодишниот маж осуден на доживотен затвор во Италија, француската полиција го […]
Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека Лондон не ја исклучува можноста да испрати авиони во Украина, истовремено предупредувајќи дека тоа не значи „волшебно стапче“ со оглед на потребното време за обука. – Бев јасен за авионите. Ако има нешто што научивме изминатата година, тоа е да не правиме ништо однапред и да […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека неговата државата заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ „оваа година“. „Верувам дека Украина заслужува да почне преговори за членство во ЕУ оваа година“, нагласи вечерва Зеленски. Изјавата е дадена пред утрешниот самит ЕУ-Украина. (МИА)
Стотици вработени во компанијата газирани пијалаци „Кока-Кола“ во северозападните германски градови Дортмунд и Линебург денеска стапија во штрајк барајќи зголемување на месечната плата за 400 евра, како и повисока почетна плата за нововработените лица. Слични штрајкови неодамна имаше и во други делови од државата. Во декември, американската корпорација им понуди на германски работници зголемување на […]
Американскиот претседател Џо Бајден, во денешниот говор што го одржа на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон, апелираше на единство, посебно помеѓу демократите и републиканците во Конгресот. -Во нашата политика и во нашите животи, премногу често се гледаме едни со други како непријатели, а не како пријатели. Колку и да се тешки времињата, ако погледнеме поблиску, […]
Во 2019 година, во Хрватска се регистрирани 311 смртни случаи од рак на 100.000 жители, 25 отсто повеќе од просекот во ЕУ. Полошо е само во соседна Унгарија, јави Хина. Најчести причини за смртност од рак кај мажите во 2019 година биле ракот на белите дробови, вклучително и душникот (2.013 смртни случаи), дебелото црево (1.264) […]
Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ изјави дека тој би ја ангажирал војската за да го пресече коридорот во Посавина доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик, распише референдум за отцепување на РС од БиХ. Месиќ во интервју за регионалната телевизија Н1, одговарајќи на прашањето, што би го советувал актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ […]
Турција обвини неколку западни земји за привремено затворање на нивните конзулати во Истанбул од безбедносни причини, обвинувајќи ги дека водат „психолошка војна“ и се обидуваат да ја уништат турската туристичка индустрија. Германија, Холандија и Велика Британија неделава ги затворија своите конзулати во Истанбул. Германската амбасада како причина го наведе „ризикот од можни напади по инцидентите […]
Велика Британија од јануари е во рецесија, но таа ќе биде пократка и помалку тешка отколку што се претпоставуваше, објави денеска Банката на Англија. Се очекува рецесијата да трае нешто повеќе од една година, бидејќи се намалуваат сметките за енергенсите, а цените бавно растат, што може да резултира со помал раст на невработеноста и помалку […]