Шведскиот парламент ќе гласа за прием на земјата во НАТО

Шведскиот парламент денеска ќе гласа за членството на земјата во НАТО, јави ДПА. На гласањето ќе му претходи собраниска расправа.

Резултатот ќе биде јасен доцна попладне, бидејќи се очекува пратениците да гласаат „за“ пристапувањето. Приклучувањето кон Алијансата ќе бара законски измени што мора да бидат одобрени.

Сепак, гласањето не гарантира влез на Шведска во воената алијанса. Сите 30 нејзини членки мора да го ратификуваат пристапот на Шведска, а Унгарија и Турција се уште не го сториле тоа.

Анкара со месеци се противеше на членството на земјата со образложение дека не воведе доволно мерки против антиисламската реторика и против организациите кои турските власти ги сметаат за терористички. На турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му претстојат избори, а цврстиот став по ова прашање би можел да привлече гласови од верските и конзервативните гласачи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *