Макрон нема намера да го распушти Парламентот, да ја реконструира Владата или да распише референдум за пензиските реформи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема намера да го распушти Парламентот, да ја реконструира Владата или да распише референдум за пензиските реформи со цел да се смират тензиите, изјавија учесниците на состанокот на владејачката коалиција во Елисејската палата.

„Нема распуштање, нема реконструкција, нема референдум“, рече еден неименуван учесник на состанокот на кој присуствуваа владини и претставници на Парламентот.

Според него, францускиот претседател побарал во рок од две до три недели учесниците на состанокот да дадат предлози за „промена на методите и програмата за спроведување на реформата“ на пензиите.

Макрон утре ќе даде интервју во живо за телевизиите TF1 и France 2 за социјалните и политичките тензии поради пензиската реформа, соопшти Елисејската палата.

Интервјуто ќе започне утре во 13 часот, по конечното усвојување на законот за пензиски реформи во Парламентот и консултациите на Макрон со неговиот политички табор.

Законот за пензиските реформи беше донесен синоќа преку член 49 од Уставот без гласање на пратениците и по две одбиени предлози за недоверба на Владата.

Но, тоа не го смири политичкото незадоволство кај опозицијата и кај граѓаните. Во Франција се одржаа протести во неколку градови, а некаде се забележани инциденти. Нови протести се закажани за четврток.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *