Зошто образовниот систем во Финска е толку успешен?

Образовните реформи иницираат низа промени, коишто веќе целосно го револуционизираа финскиот образовен систем. Учениците во оваа земја со години успешно се натпреваруваат, на пр. со САД, Кина, Сингапур и Јапонија, па освојуваат први места на натпреварите по математика и природни науки.

Како е ова можно? Финска е водечка во образованието по здраво-разумските практики и холистичката, напредна и иновативна средина за настава којашто ја става правичноста пред извонредноста. Следат осум причини поради коишто финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.

Нема стандардизирани тестови

Учениците кои полагаат стандардизирани тестови главно учат за да го положат тестот, а наставниците ги учат само за да положат. Финска нема такви тестови. Исклучок е само Националната матура што се полага доброволно, по завршувањето на средното образование. Сите деца во Финска се оценуваат врз индивидуална основа и систем за оценување на наставниците. Следењето на напредокот го врши тамошното Министерство за образование.

Соработка, а не конкуренција

Школувањето за многу деца, па и родители, честопати се доживува како еден голем натпревар, Финците го гледаат тоа поинаку, т.е. според максимата на писателот Самули Паронен – „Вистинските победници не се натпреваруваат“.

Во училишта, имено, нема списоци за рангирање, нема избор на „најдобар наставник“ итн. Наместо тоа, се цени соработката…

Помалку домашни задачи и повеќе време надвор

Според ОЕЦД, учениците во Финска имаат помалку домашни задачи од своите врсници во која било друга земја во светот. Малите Финци днневно трошат само половина час на домашни задачи. Наместо домашни задачи, се поттикнуваат на што повеќе време надвор на чист воздух, забава и игри.

Основите се најбитни

Од 1980-тите, основите се приоритет во финските училишта. Сите ученици имаат бесплатни оброци на училиште, психолошко советување и индивидуализирано водење. Нагласка е ставена и на еднаквоста и на лесниот пристап до здравствена заштита.

Почнување со училиште на постара возраст

Финците знаат колку е важно детето да биде дете. Затоа, образованието почнува на 7 години и не порано. Училиштето е задолжително до деветто одделение, а сѐ после тоа е прашање на избор.

Финците се будат подоцна

Часовите во Финска обично почнуваат меѓу 9 и 9:45 часот. Истражувањата покажаа дека раното почнување со настава е штетно за здравјето, благосостојбата и созревањето на учениците. Така, бидејќи часовите почнуваат подоцна, тие обично завршуваат меѓу 14 и 14:45 часот. Наставните часови се подолги, но и паузите меѓу нив.

Настава без промени

Учениците во Финска, честопати имаат ист учител шест години. За тоа време, тој ја презема улогата на ментор. Така се зацврснува довербата и поврзаноста, поради што двете страни меѓусебно подолго се запознаваат и се гради поголема обострана почит.

Опуштена атмосфера

Уште една одлика на финските училишта е – „помалку стрес“. Во текот на училишниот ден, децата имаат неколку 15-минутни паузи во коишто можат да се раздвижат, протегнат или да излезат малку на свеж воздух, на закуска или заради рекреативни активности.

И на наставниците им треба сѐ тоа. Сите училишта имаат простории и за наставници, каде што тие се одмораат и опуштаат, се подготвуваат за следните обврски или едноставно – се дружат.

Се чини, кога не се грижи за оценките и стресот, ученикот во најсреќната земја на планетава може да се сосредоточи на своето учење и растење.

МИА

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *