Европската унија и Советот на Европа ќе продолжат заедно да работат за да им помогнат на земјите кандидати и потенцијални кандидати да постигнат опиплив напредок во нивниот севкупен реформски процес кон исполнување на критериумите за членство во ЕУ, се вели во документот објавен денеска од Советот на ЕУ. „Нашите заеднички програми во регионите на проширување […]
Раководството на водечката германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска едногласно усвои резолуција со која го повикува поранешниот директор на разузнавачката агенција Ханс-Георг Масен да ја напушти партијата, по неговиот контроверзен коментар. Во 2018 година Масен беше разрешен од функцијата шеф на разузнавачката агенција (BfW), откако го минимизира десничарското насилство врз мигрантите во источниот град […]
Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники за да ги наведат потрошувачите да донесуваат одлуки што не се во нивен најдобар интерес, покажува истражувањето спроведено од Комисијата и националните органи за заштита на потрошувачите од 23 земји-членки на ЕУ, како и Норвешка и Исланд. „Нашето истражување покажа дека речиси 40 отсто од онлајн-продавниците се […]
Посетете ја Венеција пред да почне да се наплаќа влез. Во првата половина на 2023 година, вклучително и периодот на познатиот венецијански карневал од 4 до 21 февруари, нема да треба да се плаќа за влез во градот. Властите за шест месеци ја одложија одлуката за наплата на влезници. Според претходно планираното, мерката требаше да […]
Бројот на лица кои аплицирале за азил во Холандија минатата година драстично се зголемил. Во 2022 година поднесени се 35.535 барања за азил, што е најголема бројка од 2015 година, објави „NL Times“. Во однос на 2021 година, бројот на барања е зголемен за 43,6 отсто. Барањата за азил се во благ пораст од септември. Според податоците на холандската агенција за статистика (CBS), најмногу баратели на азил […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за смирување на израелско-палестинските тензии, по што ќе отпатува во Ерусалим и Рамала. Посетата на Израел, планирана многу порано, доби поинаков тон со избувнувањето на новата спирала на израелско-палестинско насилство што досега меѓународните повици за смирување не успеаја да го […]
Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии, предупреди Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина во денешниот извештај во кој ги повика земјите да ги ажурираат своите планови за подготвеност до крајот на годината. Во својот извештај за светските катастрофи за 2022 година, МФРЦ предупреди дека „сите земји остануваат опасно неподготвени за […]
Израелските сили денеска убија Палестинец на окупираниот Западен Брег за време на посетата на американскиот државен секретар на регионот на Блискиот Исток. Израелската армија не го коментираше инцидентот, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека 26-годишен маж е убиен во градот Хеброн, жариште на судирите меѓу израелските војници и Палестинците. Насилството меѓу двата народа ескалираше […]
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужен Синџан во Кина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа јавува дека во земјотресот нема повредени и не е причинета значителна материјална штета. Земјотресот се случи на длабочина од 33 километри во 7:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки […]
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција ма Обединетите нации. Пандемијата е веројатно во „преодна точка“, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици“, се наведува во соопштението на СЗО. СЗО пред […]