Европската Унија размислува да обезбеди помош за вооружените сили на Молдавија со дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воздушниот надзор, логистиката и кибер одбраната. Според предлогот на надворешнополитичкото тело на Унијата, кој минатата недела беше испратен до земјите членки и во кој Блумберг имаше увид, средствата би биле повлечени од Европскиот мировен фонд. Се […]
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно , ноќно, последно обраќање до сонародниците ноќеска истакна дека вчерашниот ден беше плоден меѓународен ден за неговата земја и за украинската одбрана. -Се одржа уште еден, веќе десетти, состанок во формат Рамштајн. Се разговараше за муниција за нашите војници, артилерија, тенкови, заштита на украинското небо. Постои решение. Ова […]
Властите во Тајланд се во потрага на метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезнал од електрана неделава. Надлежните ја предупредија јавноста на сериозни здравствени опасности што можат да настанат во случај на контакт со тој материјал. Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутински проверки на […]
Порно ѕвездата Сторми Даниелс денеска се сретна со обвинителите во врска со обидите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ја принуди да молчи со плаќања извршени преку поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Оваа вест ја соопшти нејзиниот адвокат – истиот ден кога Коен, во врска со истиот случај, сведочеше пред поротата во Њујорк. […]
Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган донесоа одлука за прием на Финска во НАТО, која официјално ќе биде објавена в петок за време на посетата на финскиот претседател, соопштено е денеска во Хелсинки. „Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам нивниот одговор кога ќе ја соопштат својата одлука. Се разбира, јас […]
Суд во Амстердам денеска пресуди дека компанијата Фејсбук постапувала незаконски при обработката на личните податоци на своите корисници во Холандија речиси 10 години. Според Блумберг, личните податоци добиени од Фејсбук, што ги обработувала единица на компанијата Meta Platforms од Ирска, биле користени без дозвола за рекламни цели и дадени на трети лица без соодветни информирање […]
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 3.500 се повредени за време на свеченостите по повод иранскиот традиционален фестивал на огнот во пресрет на персиската Нова година, објавија денеска државните медиуми. Фестивалот на огнот, наречен Чахаршанбе Сури, се слави секоја година во ноќта на последниот вторник од иранската календарска година, кој завршува на 20 март. „Од […]
Словачката претседателка Зузана Чапутова смета дека е невозможно да се зборува за влез на Украина во НАТО се додека во таа земја има војна. -Што се однесува до приемот во Северноатлантската алијанса, ситуацијата на сите им е јасна – се додека Украина е во војна, не можеме да зборуваме за приклучување кон блокот. Ова произлегува […]
Финскиот претседател Саули Ниинисто утре и задутре ќе престојува во Турција, каде ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган за да разговара за членството во НАТО и други прашања, соопшти денеска кабинетот на финскиот претседател. Претходно денеска, спорад двајца претеставници на турските власти, официјална Анкара планира да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО […]
Два ловци „Тајфун“ на Велика Британија и Германија пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија. Борбените авиони беа подигнати за да го пресретнат „летечкиот танкер“ Ил-78 Мидас, кој леташе меѓу Санкт Петербург и Калининград. Споменатиот авион не воспоставил контакт со контролата на летање во Естонија, пишува Би-Би-Си Њуз. Британските и германските воздушни […]