Нигериската Државна изборна комисија денеска го прогласи кандидатот на владејачката партија Бола Тинубу за нов претседател на Нигерија по изборите од викендов, што беа оспорени и наидоа на критики од опозициските партии. Победата на Тинубу ја прошири контролата на владејачкиот Сепрогресивен конгрес (АПЦ) во најнаселената африканска нација, иако тој наследи голем број проблеми од претходникот […]
Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан. -ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за Фокс Њуз. Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на „Волстрит џурнал“, […]
НАТО е сè позагрижен дека Кина, која неодамна предложи мировен план од 12 точки за ставање крај на војната во Украина, би можела да и достави оружје на Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Говорејќи на нордискиот самит САМАК во Хелсинки, Финска, Столтенберг истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за […]
Нов силен земјотрес во централна Турција. Според првичните информации, потресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Истиот бил во близина на градот Кајсери. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
По разорните земјотреси во Турција тлото не мирува со денови, само вчера беше почувствуван нов потрес од 5,7 степени по Рихтер. Во меѓувреме додека се бројат жртвите и се расчистуваат срамнетите со земја згради и куќи се појави и видео снимка од пукнатините на земјата на тротоарите и зелените површини во областа Искендерун во Хатај. […]
Седум лица, меѓу кои шест деца, се повредени во пожар што го зафатил нивниот шатор во бегалски камп во северозападна Сирија, јави сирискиот Центар за мониторинг на човековите права. Повредените лица во шаторот престојувале откако останел без својот дом по разурнувачкиот земјотрес од 6 јануари. „Пожарот го зафати шаторот во селото Ал Газала, северно од […]
Новоизбраниот претседател на Кипар Никос Христодулидис денеска официјално ја презеде функцијата на церемонија одржана во Претставничкиот дом. Во говорот во Парламентот и во присуство на претходниот претседател Никос Анастасиадис, според кипарските медиуми, Христодулидис се осврнал на неопходноста за решавање на кипарското прашање, на приоритетите во надворешната политика, во економијата и најавил надградба на институционалната соработка. […]
Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Земјите на НАТО се согласни дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“, рече Столтенберг за време на посетата на Финска, повикувајќи да се изгради „рамка“ за да се […]
Претставник на турското Министерство за одбрана изјави дека по разурнувачкиот земјотрес од 6 февруари околу 40.000 сириски бегалци во Турција се вратиле во нивната земја и додаде дека нивниот број сè уште расте. Враќање на сириски бегалци е забележано и на граничните премини меѓу Турција и Сирија, кои се под контрола на опозициските сили во […]
Според Европската агенција за статистика „Евростат“ албанската дијаспора во 2021 година испратила околу 1,13 милијарда евра, што е поголем процент од земјите на ЕУ, јави Топ чанел. -Евростат покажува дека нашата земја има најголема зависност од дознаки на емигрантите, како во регионот така и во целиот континент, достигнувајќи 6,7 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). […]