САД, Австралија и Велика Британија синоќа ги открија деталите за планот со кој Австралија ќе се снабди со офанзивни подморници со нуклеарен погон на почетокот на следната деценија за да се спротивстават на амбициите на Кина во индо-пацифичкиот регион. Говорејќи на церемонијата во американската поморска база во Сан Диего, придружуван од австралискиот премиер Ентони Албанес […]
Русија вчера предложи за дополнителни 60 дена да се продолжи договорот за извоз на украинско жито, што истекува на 18 март, понуда што наиде на критики од официјален Киев, каде сметаат дека го доведува во прашање првичниот договор. -Москва не се противи на обновување на договорот што овозможува безбеден извоз на житари од украинските пристаништа […]
Американскиот претседател Џо Бајден во наредниот период ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. -Не можам да ви дадам датум. Бидејќи датумот не е одреден, но претседателот Бајден изрази подготвеност да има телефонски разговор со претседателот Си, рече Саливан по завршувањето на годишната парламентарна сесија во […]
Најмалку пет членови на домородното племе беа убиени, а тројца други беа ранети во северниот дел на Никарагва, во напад што очигледно го извршиле добро вооружени доселеници со намера да ја заземат нивната земја, соопштија локалните власти. Жртвите се членови на племето Мајања, а цел на нападот било нивното село Вилу, во кое беа запалени […]
Две лица загинаа, а девет се повредени кога комбе влета во пешаци во источен Квебек, соопшти канадската полиција. Возачот на комбето е уапсен на местото на настанот, а истрагата е во тек, изјави портпаролката на локалната полиција. Таа додаде дека се верува дека станува збор за изолиран инцидент. Несреќата се случила околу 15 часот по […]
Две лица загинаа, а девет се повредени кога комбе влета во пешаци во источен Квебек, соопшти канадската полиција. Возачот на комбето е уапсен на местото на настанот, а истрагата е во тек, изјави портпаролката на локалната полиција. Таа додаде дека се верува дека станува збор за изолиран инцидент. Несреќата се случила околу 15 часот по […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до сонародниците, изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки. -Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го направиме тоа, рече Зеленски во ноќното видео обраќање. […]
Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Последната мерка за прекугранична контрола за Ковид-19 беше укината минатиот месец откако властите прогласија победа над пандемијата. Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба […]
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека нејзината влада се соочила со страшни обвинувања по неколкуте бродоломи на бродови со мигранти, но дека нејзината совест е чиста. Британските медиуми јавуваат дека Мелони изјавата ја даде откако беше доведена во прашање способноста на официјален Рим да спасува мигранти на море. Италијанската премиерка зборуваше за миграцијата и […]
Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска, за време на неговата посета на Словачка, изјави дека полесно ќе биде да се оправда влезот на Украина во Европската унија како економски, социјален и културен потег отколку воен, кога би била примена во НАТО. -Многу земји се согласуваат дека Украина треба да биде поканета во западниот блок што е […]