Советот на Европската унија денеска за уште шест месеци ја продолжи важноста на санкциите што им беа наметнати на одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Со одлука на Советот времетраењето на санкциите се продолжува до 15 септември 2023 година, а со овие рестриктивни мерки се опфатени 1.473 лица […]
Злосторствата од омраза во САД во 2021 година се зголемени за 11,6 отсто во споредба со 2020 година, а најчесто биле мотивирани од раса, етничка припадност или национално потекло, соопшти денеска ФБИ. Во својот нов извештај ФБИ соопшти дека бројот на пријавени инциденти од омраза се зголемил на 9.065 во 2021 година од 8.120 во […]
Велика Британија денеска ја означи Кина како предизвик за светскиот поредок што ја дефинира епохата, наведувајќи дека Русија и натаму останува „најакутна закана“. Официјален Лондон во најновата надворешнополитичка рамка наведе дека безбедноста на Обединетото Кралство зависи од исходот на војната во Украина. Британските медиуми наведуваат дека британската Влада во најновиот документ предупредува на продлабочувањето на […]
Тропската бура „Фреди“ во текот на викендот предизвика смрт на повеќе од 60 лица и повреди други десетици во Мозамбик и Малави, во вториот налет на истата бура што ја погоди јужна Африка во последниот месец. Светската метеоролошка организација смета дека бурата „Фреди“ е една од најсилните што некогаш биле регистрирани на јужната хемисфера и […]
Колапсот на американската банка во Силиконската долина -СВБ (SVB) не претставува директна закана за европскиот банкарски сектор, но неговите индиректни последици треба да се следат, предупреди денеска еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. -Мораме да ги следиме можните индиректни последици, но во овој момент мислиме дека тие не претставуваат значителен ризик, рече Џентилони. Европската централна банка […]
Можно е руската приватна воена компанија „Вагнер“ да пројавува проблеми во војната во Украина бидејќи не може да регрутира нови затвореници, проценуваат британските разузнавачки служби, јави ДПА. Британското Министерство за одбрана во серија твитови објави дека Москва му забранила на лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин да регрутира платеници во затворите. Половина од досега регрутираните затвореници […]
Обединетите нации денеска соопштија дека Владата на Сирија, но и други актери, сносат одговорност за доцнењето на меѓународната помош за луѓето кои беа најмногу загрозени од последиците од катастрофалните земјотреси минатиот месец. Во соопштението на истражната комисија назначена од ОН се наведува дека „хорот на меѓународните критики“ е предизвикан од улогата и активностите на меѓународната […]
Во ЕУ лани е забелажано опоравување во авиосообраќајот според бројот на комерцијални летови, но и натаму е помал во одност на ситуацијата пред пандемијата од 2019 година, објави Еуростат. Најзначителен пад на бројот на комерцијални летови се забележани во јануари (-34% во споредба со истиот месец во 2019 година), февруари (-33%), март (-27%) и април […]
Јапонскиот писател и нобеловец Кензабуро Ое почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска неговата издавачка куќа „Коданша“. Ое беше еден од најзначајните книжевни творци во Јапонија по Втората светска војна. Неговите дела се занимаваат со политички, социјални и филозофски теми, како што е нуклеарното оружје, невклопувањето во општеството и егзистенцијализмот. Тој ја доби Нобеловата награда за […]
Казнените мерки на Украина против огранокот на Православната црква поврзана со Русија се дел од напорите да се постигне „духовна независност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски и другите украински лидери ја обвинија Украинската православна црква – Московската патријаршија, која е под црковна јурисдикција на Руската православна црква, за поткопување на единството на Украина и […]