Руската војска утрово изврши ракетни напади врз голем број украински региони, вклучително и црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град во Украина, Харков, соопштија регионалните власти. Експлозии се регистрирани и во главиот град Киев. Нападите погодија широк опсег на цели, вклучувајќи градови кои се протегаат од Житомир и Ривне на запад до Дњепар и […]
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс предупреди дека новиот нацрт-закон во Грузија „инспириран од Кремљ“ за странски агенти е некомпатибилен со јасната желба на грузискиот народ за европска интеграција и демократски развој, јави ДПА. „Донесувањето на такви закони, според наше мислење, ќе им наштети на односите на Грузија со стратешките партнери и ќе ја загрози […]
Немилосрдната технолошка трка на САД со Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс на сослушувањето во американскиот Сенат. „Мислам дека технолошката револуција е главната арена на конкуренција со Кина. Тоа е исто така примарна одредница за нашата иднина како разузнавачка служба“, рече Барнс. Изјавата на Барнс доаѓа по неодамнешното […]
Апликацијата TikTok може да се користи за контрола на податоци и софтвер на милиони уреди во САД и за поттикнување на наративот за поделба на Америка, додека дури и разузнавачките служби би можеле да ја пропуштат таквата манипулација, изјави денеска директорот на ФБИ. Кристофер Вреј. -Не сме сигурни дека би виделе некои од надворешните знаци […]
Големи области на Тајланд се обвиени со густ смог поради палењето на стрништата, а најпогодени се северниот дел на земјата и главниот град Бангкок, јави ДПА. Лекарите ги повикаа луѓето да носат заштитни маски на отворено за да се заштитат од вдишување ситни честички од прашина. Небото над Бангкок денеска е млечно бело со ниту […]
Во турскиот град Малатија се урна шесткатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари. Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува Анадолија. Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици […]
Турскиот министер за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи денеска изјави дека штетите од разорните земјотреси во Турција на 6 февруари досега се проценуваат на околу 80 милијарди долари, а извозното производство во погодените области е намалено за 40 отсто. – Тоа што се случи е многу болно за нас. Штетите се проценуваат на 80 милијарди […]
Сè уште не е јасно кој е одговорен за минатогодишниот напад на гасоводите „Северен тек“, бидејќи националните истраги не се завршени, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Она што го знаеме е дека имало напад на гасоводите „Северен тек“, но не можеме да утврдиме кој стои зад тоа, рече Столтенберг пред денешниот состанок […]
Арктички циклон ја донесе најстудената ноќ во Велика Британија од почетокот на годината и предизвика хаос во транспортот. Телевизијата Скај Њуз информираше за откажани летови на аеродромите во Лондон Хитроу, Лондон Сити и Гетвик, повикувајќи се на специјализираната веб-страница Sky Scan World. Авионите кружат и чекаат да бидат пренасочени. Снежните врнежи се очекува да се […]
Источниот украински град Бахмут, во центарот на неколкумесечната борба, и кој е под притисок на руската војска и руската паравоена група Вагнер, би можел да „падне во следните денови“, предупреди денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Не можеме да исклучиме дека Бахмут на крајот ќе падне во наредните денови, рече Столтенберг на маргините […]