ФОТО: Вооружен напад во Хамбург, најмалку шестмина загинати

Најмалку шест лица се убиени, а неколку повредени во вооружен напад во северниот германски град Хамбург, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата на Твитер соопшти дека е во тек голема операција во градската област Алстердорф. Според првичните информации нападот се случил во црква.

Дел од медиумите јавуваат дека двајца од повредените се со посериозни повредени.

Како што пренесува хамбуршкиот „Моргенпост“, има седум тешко повредени, а 17 полесно повредени.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *