Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги повика сојузниците на Киев „побрзо да размислат“ за воена поддршка за Киев, еден ден откако не успеаја да се договорат за испраќање борбени тенкови што ги бара Украина. „Ќе и помогнете на Украина со потребното оружје и ќе разберете дека нема друга опција за завршување на војната […]
Британскиот премиер Риши Сунак е казнет затоа што не го ставил појасот на задното седиште од својот автомобил додека бил на пат во северна Англија. Риши Сунак го извршил прекршокот додека снимал за Инстаграм за време на тридневната посета на северните градови за да промовира нов владин план. Видеото на кое се гледа дека не […]
Турција ја откажа планираната посета на шведскиот министер за одбрана како одговор на дозволата на земјата да одржи антитурски протест. Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека планираната посета на неговиот шведски колега Пал Јонсон на 27 јануари нема да се одржи. Тој рече дека посетата повеќе нема „никакво значење или цел“, бидејќи Шведска […]
Министерот за образование, полиција и за јавни служби на Нов Зеланд Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на таа земја бидејќи тој беше единствениот кандидат да ја наследи Џасинда Ардерн на чело на Лабуристичката партија. Хипкинс (46) в недела треба да ја добие поддршката од сопартијците, но тоа сега е само формалност.Официјалниот трансфер на власта […]
Нови протести во Франција се планирани денеска против контроверзната пензиска реформа, откако левичарската партија „Непокорна Франција“ и разни младински организации најавија дека свикуваат собири, јави ДПА. Бидејќи сегашниот пензиски систем не може да се финансира долгорочно поради стареењето на населението, француската влада сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. […]
Најмалку 28 лица загинаа во лавина во градот Нингчи во југозападниот регион на Тибет, јавува Ројтерс повикувајќи се на извештај на кинеските медиуми. Спасувачката акција на местото е завршена, а локалните власти распоредија вкупно 1.348 луѓе и 236 делови опрема за ископување на 7,5-километарскиот премин, објави во петокот кинеската новинска агенција Ксинхуа. Пронајдени се 53 […]
Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени доцна синоќа ја погоди Аргентина. Епицентарот на земјотресот бил во близина на покраината Сантијаго дел Естеро, соопшти ЕМСЦ. Земјотрес бил на длабочина од 586 километри. Нема информации за жртви и причинета материјална штета.
Во главниот град Лима, полицијата употреби солзавец за да ги одбие демонстрантите кои фрлаа шишиња и камења додека гореа пожари на улиците, јавија локалните медиуми. Во јужниот регион Пуно, околу 1.500 демонстранти нападнаа полициска станица во градот Илаве, а беше запалена и полициска станица во Зепита, изјави министерот за внатрешни работи Висенте Ромеро. Здравствените власти […]
Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека украинските сили ќе се обучуваат за употреба на борбени тенкови Леопард 2, и покрај тоа што западните сојузници вчера не одлучија дали да го снабдуваат Киев со тенкови од германско производство. Резников во изјава за украинскиот сервис на Гласот на Америка нагласи дека украинските војници ќе тренираат […]
Над градот Бурса во Турција вчера бил забележан огромен облак налик на НЛО, кој ги изненади граѓаните кои со своите телефони го снимија реткиот феномен. Речиси кружен облак, кој се појави на изгрејсонце со голема дупка во средината, остана неподвижен на небото речиси еден час. Тоа е природен феномен наречен леќест облак, познат по својот […]