Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораес, одлучи да го суспендира гувернерот на Бразил, Ибањез Роша, на 90 дена, поради „злонамерно непостапување“ што им овозможи на приврзаниците на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро да упаднат во зградите на федералната влада на Бразил. Пред одлуката за суспензија, гувернерот Роша рече дека најмалку 400 […]
На светските берзи цените на нафтата драстично паднаа во првата недела од новата година бидејќи трговците стравуваат дека побарувачката за „црното злато“ ќе ослабне поради забавувањето на растот на најголемите светски економии. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 8,5 отсто, на 78,57 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна […]
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа ја започна својата прва официјална посета на Мексико по речиси две години на функцијата. Бајден беше пречекан од неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор. Двајцата денеска ќе имаат билатерални средби пред утрешниот Северноамерикански совет во Мексико со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) соопшти дека руската инвазија врз Украина предизвикала најголем бран бегалци од Втората светска војна. – Повеќе од 7,9 милиони луѓе ја напуштиле земјата досега, а уште 5,9 милиони се раселени во Украина, изјави претставникот на УНХЦР во Германија, Катарина Лумп. Таа додаде дека поради руската инвазија има 14 […]
На пацифичкиот архипелаг Вануату денеска е регистриран земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, а издадено е и предупредување за појава на цунами. Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри од пристаништето Олри на длабочина од 27 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами на бреговите на […]
Гeрманските медиуми објавија фотографии на осомничениот Иранец кој специјалците го изнесоа од стан полн со смртоносни материи. Во текот на ноќта бил претресен станот на 32-годишен маж во градот Кастроп-Рауксел. Осомничениот е приведен, како и уште едно лице, соопштија државниот правобранител и полицијата, пренесува Дојче веле. Засега не е јасно во која фаза биле плановите […]
32-годишен Иранец е уапсен во Германија поради наводно планирање напад со „исламистички мотиви“, јави Би-Би-Си. Тој планирал да употреби цијанид и рицин за да изврши „сериозен чин на насилство“, се вели во соопштението на полицијата на Северна Рајна-Вестфалија. Полицијата извршила рација во неговиот стан во градот Кастроп-Рауксел, во регионот Рур, каде биле пронајдени „токсични материи“. […]
Делови од сателит на Американската вселенска агенција (НАСА), стар 38 години, викендот ќе падне на Земјата, соопшти НАСА. Поголемиот број делови од сателитот тежок 2.440 килограми ќе согорат во атмосферата, но се претпоставува дека некои делови сепак ќе паднат на Земјата. Според НАСА, веројатноста некој да биде повреден при пад на деловите од сателитот се […]
Автопатот кон Ниш нема да биде затворен и сообраќајот ќе се одвива нормално. Прво, амонијакот ќе се префрли во камиони-цистерни, а потоа ќе се отстранат цистерните. Еден од првите чекори ќе биде преносот на содржината од цистерната број 13. Во наредните денови, цистерните ќе се отстрануваат сукцесивно, една по една, соопштија од Штабот за вонредни […]
Новиот сој на коронавирус XBB.1.5 може да се прошири во Германија и остатокот од Европа во наредните недели и да стане доминантен, изјави германски епидемиолог. Таа варијанта е присутна кај речиси половина од бројот на новозаразени во САД. „Можеме со сигурност да предвидиме дека оваа варијанта ќе преовладува и кај нас“, вели Хајо Зееб од […]