ОН: Помошта за Авганистан доведена во прашање поради загрозување за правата на жените

Претставничката на ОН во Авганистан, Роза Отунбаева, предупреди дека најверојатно, поради тоа што талибанските власти не ги почитуваат правата на жените, ќе има намалување на помошта и инвестициите во развојот на земјата, каде што жените се исто толку исплашени.

„ОН апелираа до Авганистан во 2023 година да собере голема сума помош во вредност од 4,6 милијарди, што е неопходна за опстанок на две третини од населението, околу 28 милиони луѓе“, рече Отунбаева.

Сепак, таа предупреди дека помошта за Авганистан е доведена во прашање во Советот за безбедност на ОН поради ограничувањата на жените од страна на талибанските власти и забраната за посетување средни училишта и универзитети, посета на паркови и професионално работење. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *